Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јаневска: Можеби се одолговлекува унгарскиот кредит, но успеавме во намерата сите компании да можат да учествуваат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Јаневска: Можеби се одолговлекува унгарскиот кредит, но успеавме во намерата сите компании да можат да учествуваат
Агровести

Јаневска: Можеби се одолговлекува унгарскиот кредит, но успеавме во намерата сите компании да можат да учествуваат

Објавено 22/01/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ставот на Стопанската комора е секоја компанија да може да си го добие кредитот. Можеби малку повеќе се одолговлекува од датумот кога требаше да го добијат, но сепак, ние успеавме во нашата намера дека сите компании ќе учествуваат во добивање на кредитот, изјави денеска проектниот менаџер на Стопанската комора Наташа Јаневска, прашана за став во врска со доцнењето на исплатата на унгарскиот кредит.

Таа потврди дека имаат блиска соработка со Владата, а според последната информација, сите компании можат да конкурираат за кредитот.

Јаневска дополни дека иако се забавува исплатата на кредитот, тие го добиле тоа што го барале преку преговорите, кои биле макотрпни.

– Имаме блиска соработка со Владата и последната информација од таму е дека сите компании ќе имаат можност да конкурираат за добивање на кредитот, што значи дека можат да го искористат за нивните намени и нивните потреби. Се забавува исплатата на кредитот, но ние бевме упорни во тоа, и го добивме токму тоа што го баравме со преговорите кои што беа макотрпни. Успеавме да го добиеме тоа што беше потребно, за сите наши компании да имаат можност да конкурираат за кредито, рече Јаневска на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање.

Премиерот Христијан Мицкоски неодамна на новинарско прашање дали се потпишани договорите со банките за унгарскиот кредит и кога компаниите ќе може да аплицираат, изјави дека средствата се обезбедени, процесот е во финална фаза и во јануари ќе може тоа да се постигне.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:владакомпаниикредитунгарски
Претходен напис Од Скопје ќе се лета до Женева и до Париз, воведуваме две нови дестинации на барање на дијаспората
Следен напис Лагард: Европа мора да се подготви за американските царини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?