Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се садат и берат лутите пиперки во струмичко Банско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се садат и берат лутите пиперки во струмичко Банско
Агровести

Се садат и берат лутите пиперки во струмичко Банско

Објавено 20/01/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Почна садењето на лути пиперки во пластениците во струмичко Банско со што се означува почетокот на производство на оваа градинарска култура која е меѓу првите кои се нудат на пазарот од годинашната реколта, но и почнаа првите берби од градинарите кои порано ја имаат засадено.

Според Даме Тренчовски, годинашново производство се очекува да стаса за целосна берба до почетокот на март.

-Од крајот на минатиот месец се засадува лутата пиперка во пластениците. Со берба треба да почнеме на почетокот на март и се надевам дека ќе бидеме задоволни од цената и пласманот. Првите количини засега се откупуваат по 6-8 денари за парче и традиционално има интерес. Очекуваме трговците да бидат коректни и навреме да го плаќаат откупеното, вели Даме Тренчовски производител на лути пиперки од село Банско.

Според него, годинава производството ќе биде малку поголемо споредба со лани, но не како порано кога лутите пиперки се засадуваа на поголеми површини.

-До пред неколку години секоја производствена сезона се зголемуваше производството, но последните години лутата пиперка ја дели судбината на другите градинарски култури чие производство од година во година се намалува. Тоа се должи на намалувањето на бројот на градинарите и заминувањето на младите, смета Тренчовски.

Инаку, заради затоплувањето на пластениците со топла вода од термалните извори во близина на селото Банско, производството стасува порано и е поисплатливо од другите начини на раноградинарско производство за кои се користат други извори на затоплување.

Деновиве во Струмичко интензивно се расадува и пролетната зелка во пластениците, иако одредени сорти од неа заради климатските приспособувања се одгледуваат во текот на целата година. Според производителите, зелката ќе биде засеана на незначително поголеми површини од лани. 

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:БанскобератЛутите пиперкисадатструмичко
Претходен напис Аријана Коскарова во „Бизнис-клуб“: Потписот и печатот на Стопанската комора имаат големо значење на американското тло“
Следен напис УЈП: До 27 јануари пријавување за ДДВ-04, досега поднесени само 6.253 пријави
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?