Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Аријана Коскарова во „Бизнис-клуб“: Потписот и печатот на Стопанската комора имаат големо значење на американското тло“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Аријана Коскарова во „Бизнис-клуб“: Потписот и печатот на Стопанската комора имаат големо значење на американското тло“
Агровести

Аријана Коскарова во „Бизнис-клуб“: Потписот и печатот на Стопанската комора имаат големо значење на американското тло“

Објавено 20/01/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во новата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“, во разговорот на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески со м-р Аријана Коскарова, претставник на Стопанската комора во Мајами, се изнесуваат факти за значењето и за реномето што го има Стопанската комора во САД преку добивањето виза за нејзиниот престој во Америка врз основа на препораката од претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и за посетата на Стопанската комора како најстара и најмоќна бизнис-организација во Македонија од директорот на магазинот „Форбс“.

„Кога аплицирав за виза за некој со извонредни способности, која Америка ја дава на 0,00005 % од луѓето во светот, еден од потписниците за препораката бевте и Вие, поради нашата соработка која ја имавме за Балканскиот самит, кој го организиравме во 2019 година, така што можам да кажам дека благодарение на Вас мојот пат и успех во Америка започнаа токму со тоа“, истакна м-р Аријана Коскарова. 

Во подкастот се отвори прашањето за лобирањето и е направена паралела на процесот на лобирање во Македонија и во САД. Лобирањето во САД е вообичаена и сосема легитимна работа, која е уредена со закон, а лицето кое лобира за добивање тендер се наведува во тендерот, бидејќи тоа му е легална работа за која наплаќа уште на почетокот на тендерот. Тоа е еден од начините како се спречува корупцијата во САД. Во Македонија, иако постои Законот за лобирање, кој беше донесен во јуни 2021 година за да се спречат нелегитимното влијание врз јавните политики и процеси и можните коруптивни ефекти, до денес тој не е заживеан во праксата.

„ Кога аплицираш на тендер ти наведуваш кој ти е лобистот во тендерот и во самата апликација“, изјави м-р Коскарова.

М-р Аријана Коскарова е организатор на еден од позначајните бизнис-настани, Балканскиот претприемачки самит, во 2019 година, во соработка со Стопанската комора. Одржувањето на вториот самит е планирано за 2025 година, а целта, според Коскарова, е освојување на американските пазари преку поврзување на македонските и американските компании. За остварување на оваа цел потребно е да се најдат вистинските луѓе кои ќе можат да ги насочат македонските компании како да го направат тоа, а еден од нив е и директорот за економски развој, кој го има тимот кој може да ги насочи.

„Целта ми е да направиме самит за поврзување македонски и американски компании и да се отвори можност за македонските компании да работат во Америка. Го имам знаењето и ги имам луѓето кои можам да ги доведам и да ги насочам македонските компании да работат на американскиот пазар“, вели м-р Коскарова.

Целиот разговор на линкот.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Аријана КоскароваБизнис-клубпечатотСтопанската комора
Претходен напис ТРАКТОР LOVOL 754  –  Моќен, Современ, Ефикасен
Следен напис Се садат и берат лутите пиперки во струмичко Банско
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?