Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Објавен повик за субвенции за поправка на покриви на згради и замена на азбестни покриви на куќи во Општина Карпош
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Огласи > Објавен повик за субвенции за поправка на покриви на згради и замена на азбестни покриви на куќи во Општина Карпош
Огласи

Објавен повик за субвенции за поправка на покриви на згради и замена на азбестни покриви на куќи во Општина Карпош

Објавено 15/01/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2025 година, Општина Карпош денеска за своите сограѓани објави Јавен повик за доделување финансиска подршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективно домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи), на своја територија.

За колективните станбени објекти (зградите), локалната самоуправа ќе субвенционира најмногу до 50 отсто, но не повеќе од 350.000 денари од вкупниот износ на вредноста на поправка и санацијата на кровен покривач. За индивидуалните станбени објекти, односно за куќите, Општина Карпош ќе субвенционира најмногу до 60 отсто, но не повеќе од 120.000 денари од вкупниот износ на вредноста на замената на азбестниот кровен покривач.

Како што информира Општина Карпош, право на учество на Јавниот повик имаат сите оние кои се регистрирани како Заедници на сопственици (ЗС) или со заедницата да управува правно лице – Управител (УСЗ), согласно Законот за домување и сопственици на индивидуални станбени објекти (куќи) во Општина Карпош. Постапката за субвенционирање ќе се одвива во две фази од каде по комплетирање на документите од првата фаза, апликантот ќе добие писмено известување дека е потенцијален корисник на субвенцијата. Со самото тоа апликантот преминува во втората фаза што подразбира дека тој може да отпочне со замена на кровниот покривач.

Во овој случај, локалната самоуправа напоменува дека доколку апликантот се одлучи да го промени стариот кровен покривач со користење на субвенција од Општина Карпош, се обврзува да користи исклучиво бел или сив (силвер) лим за кровен покривач. Според условите од Јавниот повик, сите досегашни корисници на субвенција во изминатите јавни повици, објавени од страна на Општина Карпош, немаат право да учествуваат во јавниот повик за 2025 година.

Jавниот повик е отворен и трае до исцрпување на финансиските средства предвидени во Буџетот на Општина Карпош за 2025 година за предметната намена, по принципот „прв дојден-прв услужен“.

Пријавите треба да се доставуваат во затворен и запечатен коверт, без означување на субјектот кој ја поднесува пријавата до Општина Карпош, преку пошта на адреса: ул. „Радика“ бр.9, 1000 Скопје или во архивата на Општина Карпош, со назнака: Јавен повик за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективно домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи) во Општина Карпош.

Заинтересираните граѓани можат да добијат повеќе детали околу условите и потребната документација, на следниве линкови: Јавен повик: https://karpos.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/Javen-povik-za-popravka-i-sanacija-na-krovni-pokrivaci-2025-2.pdf  Правилник за покриви: https://karpos.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/Pravilnik-za-uslovite-kriteriumi-za-krovni-pokrivaci-2025-2.pdf и  Апликација за покриви: https://karpos.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/Aplikacija-za-popravka-i-sanacija-na-krovni-pokrivaci-2025-2.pdf

За дополнителни информации граѓаните можат да се обратат на телефонските броеви: 071/350-388 или 078/487-636. 

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Делови од Карпош, Шуто Оризари и Центар денеска без струја
Таг:зградиКарпошОбјавен повикпокривисубвенции
Претходен напис Прекин во работењето на системот е-Даноци
Следен напис Облачно и студено наместа со повремен слаб снег, од петок пораст на дневните температури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?