Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Дополнителни 6 денари за откупена килограм оризова арпа од реколта 2024 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Трипуновски: Дополнителни 6 денари за откупена килограм оризова арпа од реколта 2024 година
Субвенции

Трипуновски: Дополнителни 6 денари за откупена килограм оризова арпа од реколта 2024 година

Објавено 14/01/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Разговаравме за актуелната состојба односно решавање на овој проблем кој што го наследивме од претходните години, кој што бил наталожен“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Тука сме да ја информираме јавноста и сите оризопроизводители дека по неколкучасовен состанок заклучокот е дека Министерството ќе оддели дополнителни 6 денари за откупена килограм оризова арпа од реколта 2024 година. Мерката треба да биде со важност од 1-ви ноември до 31 март 2025 година“, појасни министерот.

Министерот додаде дека сите оние кои што имаат предадено овој период ќе добијат дополнителна субвенција од 6 денари за килограм арпа.

„Дополнително обврската на Министерството е да преку Агенцијата за стокови резерви се изврши набавка на оризова арпа односно ориз за потребите на стоковите резерви. Знаете дека се изменети законските процедури, сите Правилници, во тек се подготовките за ваквата објава. Што значи дека на некој начин ќе се надмине проблемот со откупот од реколтата 2024 година“, нагласи министерот.

Тој посочи се решаваат наследени проблеми од претходната власт.

„Овој пласман на овој производ и сеидбата на оваа култура ја организираше некој друг министер од минатата Влада. И заради такви сериозни пропусти во организирање на овој важен стратешки сега земјоделски производ ние денеска како нова Влада мораме да се соочиме со решавање на проблемите“, истакна министерот.

„Со денешната мерка ќе се надмине оваа ситуација. Она што исто така е важно за мене како министер е дека покрај тоа што го решаваме проблемот од минатите години со пласманот, веќе работиме визионерски, домаќински како да се организира сеидбата која што ни е за неколку месеци од сега“, заклучи министерот, соопштија од МЗШВ.

Може да ви се допадне

Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Таг:арпаденаримеркисубвенции
Претходен напис Во зима често се случува паѓање на листовите од лимонот, еве како да го спречите тоа
Следен напис Почнете ја Новата година со најдобар план за одгледување на овошје и зеленчук
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?