Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пуштена во употреба делницата Градско – Дреново, дел од експресниот пат Градско – Фариш
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пуштена во употреба делницата Градско – Дреново, дел од експресниот пат Градско – Фариш
Агровести

Пуштена во употреба делницата Градско – Дреново, дел од експресниот пат Градско – Фариш

Објавено 14/01/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пуштена е во употреба делницата Градско – Дреново, дел од експресниот пат Градско – Фариш, во должина од 15,5 километри. Вредноста на проектот е 37.500.000 евра, од кои 26.700.000 евра се обезбедени преку ИПА фондовите и 10.600.000 евра од Буџетот. Ширината на коловозот е 12.40 метри, има три клучки, кај Градско, Росоман и Дреново. 

– Експресниот пат, кој е дел од паневропскиот Kоридор 10, претставува повеќе од 15 километри модерна инфраструктура. Финансиран преку ЕУ грант во вредност од над 35 милиони евра, покрај националното ко-финансирање, oвој експресен пат ќе донесе опипливи придобивки и за граѓаните и за бизнисите, побрзо и побезбедно патување, како и подобра пристапност до останатите делови од овој витален коридор, што минува низ шест земји од Австрија од Грција, поврзувајќи ги сегашните и идни членки на ЕУ, поврзувајќи ја земјата со светот, порача евроамбасадорот Михалес Рокас.

Секој километар од овој пат, нагласи Рокас, придонесува кон амбицијата на земјава да ја зајакне својата внатрешна и регионална поврзаност.

– Коридорот 10 ја зацврстува стратешката позиција на Северна Македонија како клучен транзитен центар во Југо-источна Европа. Овој експресен пат е критично делче од пошироката транс-европска транспортна мрежа,  што не поврзува меѓусебно, како соседи и како партнери, рече Рокас.

Според премиерот Христијан Мицкоски, оваа делница означува нов почеток на развојот на Централна и Југозападна Македонија, поврзувајќи ги Прилеп, Битола и Пелагонија. 

– Коридорите 8 и 10 како и 10 д се стратешки за Македонија, правејќи ја крстосница на Балканот и заради тоа имаме силен фокус да ги модернизираме, на ниво, со што ќе дадеме регионален придонес во инфраструктурното поврзување, истакна Мицкоски. 

Посочи дека при крај е и втората фаза Дреново – Фариш до Прилеп, а интензивно се работи и на проектот за изградба на автопатот Прилеп-Битола од околу 40 километри. 

– Тој би се завршил во 2027  година. Тоа време се очекува да се заврши и изградбата на автопатот Гостивар Букојчани Кичево, при што интензивно ќе се работи и на патот Тетово – Гостивар, што ќе прерасне во автопат. Сакам да објавам дека наредната 2026 година очекувам да се заврши со градба и на автопатот Кичево – Охрид, што целосно беше во застој поради блокадите од претходата влада, нагласи премиерот. 

Министерот за транспорт Александар Николоски рече дека не биле решени косините и фалеле околу 13 милиони евра за да се доврши реализацијата на овој експресен пат.

– Изведувачот се подготуваше за арбитража, првите чекори беа преземени. Работниците беа повлечени. Причината беше претходната Влада, која година ипол не сакала да потпише два адендуми што беа договорени заедно со Европската делегација и не сакала да формира комисија што ќе ги спроведува. Новата Влада за само месец дена ја формираше комисијата во јули, во август се работеше на содржината на овие два анекси и на 12 септември проблемите беа решени. Оттогаш до буквално Нова година, се работеше тука, се заврши, рече Николоски. 

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски рече дека постапката за изградба на овој експресен пат почнала во 2012/13 година со проектирање и избор на изведувачи.

– Овој пат или овој Коридор што е дел од коридорот 10Д е од огромно значење за централна Македонија и Југозападна Македонија, бидејќи со тоа се поврзуваат Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, па и со границата со Република Грција. Овој пат ќе овозможи многу побрзо, побезбедно, а исто така и поудобно движење по овој пат. Ќе го надополниме исто така и со развојот на овој дел од Македонија, додаде Трајановски. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Градско - Дреноводелницатаекспресниот пат Градско - ФаришПуштена
Претходен напис Укината забраната за камиони на Плетвар
Следен напис Во зима често се случува паѓање на листовите од лимонот, еве како да го спречите тоа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?