Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Куба го менува курсот? Дадено земјоделско земјиште под закуп на странска фирма
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Куба го менува курсот? Дадено земјоделско земјиште под закуп на странска фирма
Агровести

Куба го менува курсот? Дадено земјоделско земјиште под закуп на странска фирма

Објавено 10/01/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Куба објави дека изнајмила земјоделско земјиште на виетнамска компанија за одгледување ориз, што претставува прв пат да ја предаде контролата над одгледувањето на странци.

Државната земјоделска компанија влезе во тригодишно партнерство со неименувана виетнамска компанија за заедничко одгледување житни култури во провинцијата Пинар дел Рио, на површина од 3.000 хектари. Информациите сигнализираат дека закупот може да биде продолжен и областа да се прошири, пишува весникот на Комунистичката партија Гранма.

„Ова е прв случај земјиштето да се префрли на странска компанија која ќе ја преземе контролата врз нејзиното одгледување“, рече Хорхе Фелиз Шамизо, заменик директор на агроиндустриската компанија Гранос де Лос Паласиос. Куба годишно троши до 700.000 метрички тони ориз, од кои најголемиот дел се увезува од Виетнам.

Но, резервите на основната храна беа ретки во последниве години поради економската депресија предизвикана од недостигот на конвертибилни валути за увоз на храна, гориво, резервни делови, суровини и земјоделски производи.

Куба произведе најмногу ориз во 2018 година, пред почетокот на кризата, вкупно околу 250 илјади метрички тони. Производството во меѓувреме е намалено за повеќе од 80 отсто, објави заводот за статистика.

На крајот на октомври, Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) повторно со големо мнозинство ги повика САД да го прекинат ембаргото кон Куба, при што кубанскиот претставник истакна дека финансиските, трговските и економските ограничувања досега ги чинеле 164 милијарди долари.

Резолуцијата на ОН со која се повикуваат САД да го укинат ембаргото беше поддржана од 187 земји.

Извор: racin.mk

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:закупземјоделско земјиштеКубакурсот
Претходен напис Коперникус: 2024 година е првата година што надминува 1,5 °C над прединдустриското ниво
Следен напис Халкбанк предупредува за обиди за злоупотреба на лични и финансиски податоци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?