Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците да ги зацврстат пластениците, порачуваат агрометеоролозите по најавата за дожд и снег
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците да ги зацврстат пластениците, порачуваат агрометеоролозите по најавата за дожд и снег
Агровести

Земјоделците да ги зацврстат пластениците, порачуваат агрометеоролозите по најавата за дожд и снег

Објавено 02/01/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По најавите на УХМР за врнежи од дожд и снег во наредните денови, агрометеоролозите препорачуваат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции. Треба, велат, да се расчистат и одводните канали за полесно одлевање на површинските води. 

Врнежите, сепак, оценуваат агрометеоролозите, се добредојдени, го зголемуваат полскиот воден капацитет кај сите земјоделски култури. Појавата на снег на планините исто така ги зголемува резервите на вода кои би ги подобриле хидролошките услови.

-Ова е период од годината кога есенските култури, лозовите насади и овошките се во фаза на зимско мирување. Животните функции (дишење, транспирација) се сведени на минимум, но не се прекинати. Коренот кај овошните видови црпи извесна количина вода за одржување на тургорот во круната. Во овој период овошките бараат одредена сума ниски температури за да можат нормално да вегетираат во идната година, објаснуваат агрометеоролозите.

Според УХМР, под влијание на влажен бран, утре попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд на пониските места и снег на планините. Во текот на ноќта кон сабота и во сабота претпладне врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата и наместа ќе бидат пообилни (20 л/м2). Поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои од пониските места. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:агрометеоролозитедождземјоделцитепластеницитеснег
Претходен напис Од утре дожд и снег
Следен напис Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во западните делови дожд и снег на планините
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?