Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Вински музеј Кавадарци реализиран настан „Станушината се враќа дома” 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Вински музеј Кавадарци реализиран настан „Станушината се враќа дома” 
Агровести

Во Вински музеј Кавадарци реализиран настан „Станушината се враќа дома” 

Објавено 27/12/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Гроздови од автохтоната сорта грозје „станушина”, набрани во Тиквешко, со години чувани соодветно во Земјоделски институт Скопје, денеска беа подарени на Вински музеј Кавадарци, во рамки на манифестацијата насловена „Станушината се враќа дома”. 

Директорката на музејот, Елизабета Ристова рече дека е чест и задоволство да се организира еден ваков настан, по идеја на енологот Елена Богева. 

– Земјоделскиот институт од Скопје што постои 80 години, денеска подари неколку предмети на Вински музеј Кавадарци. Меѓу предметите има такви за анализа на вино, а најзначаен експонат се  гроздовите од сортата „станушина”, конзервирани во тегли и чувани со години, подвлече Ристова. 

Директорот на Земјоделскиот институт, Виктор Ѓамовски изрази задоволство што можат да придонесат за збогатување на збирката во музејот, со експонати што  ја претставуваат државата како лозарска и винска земја. 

Александар Клинчаров, како претставник на здружението „Македонски семејни винарии”, во обраќањето се осврна на активностите за развој на винскиот туризам и зголемувањето на бројот на производители на грозје и вино од оваа сорта. 

Во рамки на настанот беа посадени три садници винова лоза „станушина”, од страна на ученици во Земјоделското училиште. 

Присутните имаа можност да дегустираат вина произведени од грозје од автохтоната сорта. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Вински музеј Кавадарцивраќа домаСтанушината
Претходен напис Забрана за камиони на патниот правец Тетово – Попова Шапка, непрооден патот Крива Паланка кон ГП Голема Црцорија
Следен напис ЗКРСМ ќе работи на поддршка на занаетчиството и во 2025
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?