Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: СКСЗМ: Компаниите кои доброволно ветија пониски цени во Новогодишната кошничка, да го одржат зборот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > СКСЗМ: Компаниите кои доброволно ветија пониски цени во Новогодишната кошничка, да го одржат зборот
Агровести

СКСЗМ: Компаниите кои доброволно ветија пониски цени во Новогодишната кошничка, да го одржат зборот

Објавено 26/12/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Компаниите кои доброволно се согласија дека ќе ги намалат цените на основните прехранбени производи во рамки на Новогодишната кошничка, да си го одржат зборот и да не го прекршуваат ветеното, апелира Стопанската комора на северосападна Македонија (СКСЗМ).

Комората досега нема потврда дека некои од нејзините членки не се придржуваат до оваа мерка и дека направиле какви било зголемувања на цените надвор од договореното.

-Компаниите што предложија сами, самоволно, без никаков притисок, треба да се придржуваат кон тој предлог, да ги почитуваат предлозите и мерките што ги креиравме заедно со Владата. Не можеме да знаеме 100 отсто, но засега немаме информации дека некои наши членки не се придржуваат до мерката. Имаме и Управен одбор кој ни кажува дека нема такви промени. Ние само можеме да апелираме до нашите членки кои дале збор до 15 јануари да ги држат тие цени, да се придржуваат на тој предлог. Бевме со нашите членки заедно во Владата добороволно да дадат предлози за намалување на некои основни артикли. Тоа се случи. Верувам дека треба така и да постапат. Сме за тоа дека дадоа збор дека до 15 јануари и дека ќе се придржуваат на зборот што го дадоа. Верувам дека компаниите што предлагаа, ќе се придржуваат на тоа и тоа ќе биде најдобар начин за понатаму да имаме такви акции за која било кошничка, изјави денеска претседателот на СКСЗМ, Менди Ќура.

СКСЗМ уште еднаш го потврди ставот дека е против замрзнување на цените и ограничување на маржите.

-За ограничување на маржите, ние сме против. Како Комора секогаш бевме и против замрзнување на цените. Ние сме за слободен пазар и тие ставови не ги менуваме. Мислиме дека слободниот пазар е главниот фактор во државата што треба да го процени квалитетот, квантитетот,…, истакна Ќура на прес-конференција.

Поради поплаките на граѓаните дека се зголемени цените на некои прехранбени производи кои не се дел од Новогодишната кошничка, Владата деновиве најави зајакнати инспекциски контроли во маркетите и можни ограничувања на цените и маржите на овие производи. 

МИА

Може да ви се допадне

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Таг:доброволнозборотпониски цениСКСЗМ
Претходен напис Меѓу женската популација во УО на СКСМ постои порадикален пристап во решавањето на работите
Следен напис Поради снежни наноси непрооден патот од Крива Паланка кон ГП „Голема Црцорија – Голеш“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?