Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Претпладне магла по котлините, попладне и во текот на ноќта дожд, а на планините снег
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Претпладне магла по котлините, попладне и во текот на ноќта дожд, а на планините снег
Агропрогноза

Претпладне магла по котлините, попладне и во текот на ноќта дожд, а на планините снег

Објавено 20/12/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за појава на магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Како што соопшти УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, во текот на денот променливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Утре поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер, над 65 километри на час и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, над 30 литри на метар квадратен, па на планините снежната покривка позначително ќе се зголеми. Помала снежна покривка се очекува и во некои од пониските места.

Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а од понеделник се очекуваат нови врнежи претежно од снег. 

МИА

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:дождпланините снегпопладнеПретпладне магла
Претходен напис САД го потврдија првиот тежок случај на птичји грип кај луѓето
Следен напис Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци, откажан летот Скопје – Истанбул
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?