Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Самит „АгриТек 2024“ за унапредување на одржливото земјоделство преку дигитална трансформација и иновации
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Самит „АгриТек 2024“ за унапредување на одржливото земјоделство преку дигитална трансформација и иновации
Агровести

Самит „АгриТек 2024“ за унапредување на одржливото земјоделство преку дигитална трансформација и иновации

Објавено 16/12/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Скопје денеска ќе се одржи самитот АгриТек 2024 кој во фокусот го става унапредувањето на одржливото земјоделство преку дигитална трансформација и иновации. Целта на самитот е да обедини лидери од владата, индустријата, академската заедница и меѓународните организации за да дискутираат за иднината на земјоделството и да истражат иновативни решенија за неговиот развој, да се истакне трансформативната моќ на технологијата за модернизација на земјоделскиот сектор, како и справување со климатските предизвици и подобрување на продуктивноста и одржливоста.

Како што е најавено, пред присутните ќе се обратат министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за дигитална трансформација, Цветан Трипуновски и Стефан Андоновски, регионалниот советник за земјоделство во Германската амбасада Франк Мулер, дректорот на Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH Давид Оберхубер и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Никола Додов.

Во рамки на настанот се предвидени и презентации од експерти, искуства од земјоделци кои користат иновативни решенија, како и панел-дискусија со претставници од IME, USAID, UNDP, Wines of Macedonia и академската заедница.

Организатор на АгриТек Самит 2024 е Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH, во партнерство со Area Science Park (ASP). Настанот е поддржан од BMWK и Central European Initiative (CEI). 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:АгриТек 2024дигитална трансформацијаиновацииодржливото земјоделство
Претходен напис Утрото студено и магливо, преку денот сончево
Следен напис Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?