Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Агротехника на компир: Значење и карактеристики
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Агротехника на компир: Значење и карактеристики
Растително производство

Агротехника на компир: Значење и карактеристики

Објавено 13/12/2024
Сподели
10 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Најважна примена на компирот е за исхрана на луѓето, добитокот и во индустриската преработка.

Компирот спаѓа во групата на најинтензивни поледелски култури. Има високи репродуктивни способности со приноси од 25-50т/ха. Тоа е култура со големи барања во поглед на човечка работа и механизација и со големо вложување во репроматеријали (семе, ѓубриво, заштитни средства). Има висока прехрамбена вредност поради високата содржина на скроб, високовредни белковини, витамини и минерали.

Плодоред

Компирот бара да се одгледува во плодоред. Најдобри предкултури се: житни култури, легуминози, фуражни култури на ораници, треви. Лоши предкултури се: домат, модар патлиџан, тутун, пченка.

Почвени и климатски услови

Компирот успева во умерено влажна клима.

Приносот од кртоли, нивниот број и големината зависат од количината и распоредот на врнежите во текот на вегетацијата.

На компирот му одговара температура која нема големи варирања во текот на вегетацијата, како и за време на зимското мирување на кртолите во складиштата. При садење на компирот,минимална температура на почвата треба да биде 6-8°С. Стеблото со листовите измрзнува на -1 до -2°С. Оптимална температура за пораст на кртолите е 17-20°С. На повисоки температури формирањето на кртолите и приносите се смалуваат а на температура повисока од 30°С порастот на кртолите целосно престанува.

Најпогодни почви за компирот се лесните типови, пропусни, растресити, песочнохумусни, песочно-иловести со трошкаста структура, богата со минерални и органски материи, со поволен водно-воздушен режим. Не одговараат тешки, влажни почви со високо ниво на подземни води. Компирот поднесува кисела реакција на почвата а оптимална ПХ вредност е 5,4-6,5.

Обработка на почвата

Со навремена и квалитетна обработка на почвата треба да се создаде растресита ровка почва со добар водно-воздушен режим.Обработката на почвата започнува со летно-есенско заорување на остатоците од предкултурата на длабочина од 15 см со што се спречува развојот на плевелите и губењето на влажноста од почвата. Ѓубрење со шталско ѓубриво и внесување на ½ ПК ѓубрива се изведува пред есенско-зимското орање кое се изведува на длабочина 25-35 см. Пред пролетната обработка се внесува другата ½ од ПК ѓубривата и ½ азотни ѓубрива кои се внесуваат со тањирање а потоа се обработува со сеидбоспремач или рото-брана. Обработката мора да биде квалитетно извршена за да се овозможи брзо и навремено `ртење, развој на кореновата маса што е услов за изедначено никнување на кртолите.

Ѓубрење

Најточно, најрационално и најсигурно ѓубрење ќе се постигне само ако претходно се направи агрохемиска анализа на почвата. Најдобар резултат се постигнува со комбинирање на органски и минерални ѓубрива.

-Најзначајни органски ѓубрива се шталското ѓубриво, компостот и зеленото ѓубриво. Овие ѓубрива ја снабдуваат почвата со потребните макро и микро елементи, делуваат поволно на структурата на почвата и содржината на хумус, способноста за задржување на влага, побрзо загревање на почвата. Препорачливи количини за шталско ѓубриво се 30-35т/ха.

-Ѓубрењето со минерални ѓубрива се заснова на исхрана на растенијата со трите важни елементи: азот, фосфор, калиум. Секоја сорта си има своја потреба за ѓубрење. Исто така, тоа зависи и од технолошката намена на компирот и дали станува збор за рана или доцна берба. Односот на НПК приближно изнесува 1:0,9:1,6

-За принос од 35т/ха ран компир со ѓубрење треба да се внеси 100-140 кг азот, 110-150 кг фосфор, 160-260 кг калиум. За принос од 35т/ха доцен компир со ѓубрењето треба да се внеси 140-200кг азот, 110-150 кг фосфор, 200-350 кг калиум.

Правило за ѓубрење:

За основно ѓубрење да се заораат формулации со повисока содржина на фосфор и калиум НПК (7:20:30), (10:20:30), (8:26:26), како и половина од азотните ѓубрива (уреа).

Во почеток на порастот да се изврши прихрана со КАН.

Тоа значи со основна обработка да се заора 850кг/ха НПК (7:20:30) и 100кг/ха уреа, а во почеток на растење 200кг/ха КАН.

Садење

Да се сади само здраво избрано семе кое може да биде нертено илиртено.

Со `ртење на кртолите се постигнува побрзо стасување за берба, порано затворање на склопот, се намалува влијанието на плевелите, се скратува вегетацијата и се зголемува приносот.

Постапката на `ртење на кртолите се изведува 35-45 дена пред садењето во суви, чисти и осветлени простории со температура од 12-17°С и релативна влажност на воздухот од 90%. Семенскиот компир се става во плитки сандаци во тенок слој 1-2 реда за да се активираат окцата и да дадат што поцврст никулец со должина од 1,2-2,5 см. Просторијата треба повремено да се проветрува а кртолите и сандаците да се преместуваат и свртуваат за да активирањето на никулците биде што порамномерно.

Количината на саден материјал по единица површина зависи од повеќе фактори и варира зависно од: густината на садење, тежината на кртолите, сортата, почвата, како и интензитетот на ѓубрење.

Длабочината на садење зависи од припремата на ппочвата, типот на почвата, влажноста, времето на садење, големината на кртолите, а се движи 0-5 см од нивото на почвата + висината на хумката (нагрнатата земја). Садењето може да се изврши рачно, со полуавтоматски и автоматски компиросадачки , како и со специјални компиросадачки за из`ртени кртоли.

Сорти

Нега на компирот

Механичката нега во текот на вегетацијата се состои од дрлање, меѓуредово култивирање, окопување и нагрнување.

Наводнувањето е агротехничка мерка која силно влијае врз приносот на компирот, посебно во сушни години.

Хербициди за сузбивање на плевели:

Компирот го напаѓаат голем број болести: вирусни, бактериски и габични.

За таа цел треба да се користат соодветни фунгициди, а посебно за сузбивање на пламеницата. Покрај овие хемиски мерки, борбата против болестите се изведува и со:

-одржување на поширок плодоред;

-садење семе со декларација;

-контрола на насадот;

-одстранување на заразените кртоли;

-дезинфекција на складиштата.

Познати се следните фунгициди против пламеница на компирот:

Контактни:

Бакарна вар ВП 50 6-7 кг/ха Champion WP 1,5-1,8 kg/ha Kocide DF 2 kg/ha Champ 2 FL 2 l/ha Nordox Super WP 1,5 kg/ha Cuperblau Z 3-5 kg/ha Bakreni Dithane 2-2,4 kg/ha Tattoo MC 4 l/ha Antracol WP 70 1,2 kg/ha Antracol combi WP 70 3-4 kg/ha Dithane M-45 1,5-3 kg/ha Brestanid SC 50 0,6-0,7 l/ha .Equation PRO 0,4 l/ha Quadris KS 25 0,75 l/ha

Системични .

Ridomil Gold 2,5-3 kg/ha

. Ridomil Plus 49WP 2,5-3 kg/ha

. Galben M 2-2,5 kg/ha

. Acrobat MZ 2 kg/ha

. Sandofan M 8 WP 2,2-2,5 kg/ha

. Sandofan C 2,2-2,5 kg/

Штетници: Најзначаен штетник е компировата златица. Важно е да се знае дека со повеќекратна употреба на исти препарати златицата брзо станува отпорна-резистентна. Затоа често препаратите треба да се менуваат, односно да се користат препарти со различна активна материја.

Познати инсектициди се:

Bancol 50 WP 0,5 kg/ha Evisect S 0,3-0,5 kg/ha Regent WP 25 g/ha Sonet 100 EC 0,2-0,25 l/ha Match 50 0,3 l/ha Actara 25 WG 60 g/ha Confidor SL 200 0,25-0,50 l/ha Calypso 0,1 l/ha

Семенските кртоли може да се третираат со Prestige FS 290, со доза 100мл на 100кг семе.

Вадење и чување на компирот

Крајна цел при вадење на компирите-кртолите е тоа да се направи најрационално, со што помалку оштетувања на кртолите, одвојување на земјата, камењата и растителните остатоци.

Времето за берба е кога кртолите го завршуваат својот физиолошки развој со изумирање на надземните делови на растението. Покожицата на кртолите мора да биде цврста а тоа е еден од условите за добро чување на кртолите. Компирот може да се вади и пред физиолошката зрелост, а тоа зависи од економскиот учинок, односно цената на младиот компир.

За подолго чување на компирот наменет за исхрана, идеалната температура во складиштата треба да биде 4-5°С, а релативната влажност на воздухот 92-95% со повремено проветрување. При чување компирот губи од тежината 7-10% од вкупната ускладиштена тежина заради зголеменото дишење, испарување, про`ртување, гниење и др.

Советник

Дип.инг.агр. Слаѓана Калајџиеска Бебекоска

АПРЗ РЕ Струга

Може да ви се допадне

Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Таг:Агротехниказначењекарактеристикикомпир
Претходен напис Агротим: Договорно производство на КОМПИР, пријавете се!
Следен напис Во Ресен доделени сертификати на земјоделци од Преспа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?