Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Производителите да продолжат со заштита на посевите, да се зацврстат и пластениците поради најавите за засилен северен ветер
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Производителите да продолжат со заштита на посевите, да се зацврстат и пластениците поради најавите за засилен северен ветер
Агровести

Производителите да продолжат со заштита на посевите, да се зацврстат и пластениците поради најавите за засилен северен ветер

Објавено 13/12/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ако временските услови дозволуваат, земјоделските производители треба да продолжат со заштита на посевите. Посебно е важно ѓубрењето, но се препорачува и примена на сите агротехнички мерки.

Според агрометеоролозите од УХМР, поради најавите за засилен северен ветер во недела попладне и во понеделник, се препорачува да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции и да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води.

Врнежите од дожд и снег на повисоките места кои паднаа минатата недела, придонесоа, нагласуваат, за зголемување на влагата во почвата, како и за надополнување на вештачките акумулации.

-Врнежите обезбедуваат добра залиха на влага за идниот вегeтациски период. Влажноста на почвата во овој период од годината има особено големо влијание за есенските посеви кои се во фаза на братимење кое, пак, има директно влијание врз приносот на житата. Отука, на братимењето треба да му се посвети посебно внимание, а тоа зависи од многу фактори. Како еден од поважните е токму влажноста на почвата, истакнуваат агрометеоролозите од УХМР.

Во однос на ѓубрењето, потенцираат дека мора да се земат предвид потребите на почвата за да се оцени дали третманот ќе биде со суперфосфати или калиумови ѓубрива.

-Во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела ќе има повремени врнежи од дожд. На планините, а во недела и на некои од повисоките места, врнежите ќе бидат од снег. Во недела попладне и во понеделник ќе дува засилен северен ветер. Се препорачува да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и заштита од нив, препорачуваат агрометеоролозите од УХМР.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:засилен северен ветерзацврстатзаштитапосевитепроизводителите
Претходен напис Магла на патот кон Попова Шапка и на Ѓавато и Плетвар
Следен напис Од скопско „тобако“ уништени околу 2 тони небезбедна храна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?