Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Контроли на цените на производите од акцијата „Новогодишна кошничка“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Контроли на цените на производите од акцијата „Новогодишна кошничка“
Агровести

Контроли на цените на производите од акцијата „Новогодишна кошничка“

Објавено 12/12/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во пресрет на акцијата „Новогодишна кошничка“, најавена за 15. месецов, пазарните инспектори ги мониторираат сегашните цени на производите кои ги содржи акциската листа заедно со најниските цени на истоимените производи кои биле применувани во последните 30 дена. Со акцијата се очекува намалување на цените на производите за 10 и повеќе проценти. Во меѓувреме статистиката регистрираше зголемувањето на трошоците на животот во групата храна и безалкохолни пијалаци во ноември во однос на октомври годинава за 2,1 процент.

Целта на мониторингот е да се утврди дали по почетокот на акцијата трговците ќе се придржуваат до дадената иницијатива од нивна страна за акциско намалување на цените од 10 отсто или повеќе на прехранбени производи кои најмногу се продаваат во текот на новогодишните празници, информираше вчера Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

При контрола на угостителски објекти, во тетовско Доброште е утврдено работење на локал подолго од дозволено, соопшти денеска СВР Тетово. Во содејство со Државен пазарен инспeкторат биле конт

Акцијата „Новогодишна кошница“ ќе се спроведува заклучно со 15 јануари 2025 година. Во овој период, Пазарниот инспекторат најави дека ќе биде со засилени контроли на терен и ќе постапува во согласност со своите надлежности. Граѓаните може да пријават неправилности на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страна на ДПИ www.dpi.gov.mk,  на која е достапна и листата со производи. 

Од Владата викендот соопштија дека новогодишната потрошувачка кошничка со намалени цени од најмалку 10 проценти се проширува и опфаќа над 700 прехранбени производи, понудени од над 100 компании и производители и дистрибутери.

– Владата носи мерки со кои граѓаните конечно го добиваат она кое го заслужуваат, пристојни услови за живот и вистинска грижа за нивните реални потреби. Согласно Законот за заштита на потрошувачите треба да биде земена најниската цена од претходниот месец, од 15 ноември до 15 декември и на таа цена да има најмалку 10 проценти намалување на производите, наведоа во соопштение од Владата.

Во новогодишната потрошувачка кошничка листа спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго.

Производите на листата кои ќе бидат понудени на полиците во трговските ланци ќе бидат обележани со налепница и лого „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, како дел од кампањата на Владата.

Државниот завод за статистика вчера објави дека трошоците на животот во ноември годинава, во однос на ноември лани, бележат зголемување од 4,3 проценти, а цените на мало од 4 проценти.

Глобалните цени на храната се зголемија за 39,7 проценти во мај, што е најголемо месечно зголемување од октомври 2010 година, покажуваат податоците на Обединетите нации.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември во однос на октомври
годинава, изнесува еден процент. Зголемувањето на инфлацијата во ноември во однос на октомври годинава, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: храна и безалкохолни пијалаци за 2,1 процент, рекреација и култура, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1,5 проценти, ресторани и хотели за 0,8 проценти, облека и обувки, здравје за 0,2 проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 процент.

Цените на мало во ноември во однос на октомври годинава забележале раст од 0,3 проценти.

Во третиот квартал годинава БДП забележа раст од 3 проценти на годишна основа, како резултат на благото забрзување на приватната потрошувачка (1,9 проценти) и значајното интензивирање на јавната потрошувачка (13,3 проценти).

Растот на БДП од 3 проценти, според Владата, е показател дека успеала да ја консолидира економијата шест месеци по преземањето на власта. 

– Успеавме да ја консолидираме економијата и индикаторите со коишто денеска можеме да излеземе пред македонската јавност во ова тримесечие се едни од најдобрите во Европа. Многу ретко до сега сме имале можност да се пофалиме со економски резултат што ќе биде еден од најдобрите во Европа, рече премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата.

Со државниот Буџет за 2025 година, изгласан завчера, растот на економијата е проектиран на 3,7 проценти, а инфлацијата на 2,2 проценти.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:акцијатаконтроликошничкаНовогодишнацените
Претходен напис Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла по котлините
Следен напис Земјоделскиот институт  при УКИМ ќе одбележи 80 години постоење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?