Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тутунопроизводителите барат откупната цена да не биде под 600 денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тутунопроизводителите барат откупната цена да не биде под 600 денари
Агровести

Тутунопроизводителите барат откупната цена да не биде под 600 денари

Објавено 05/12/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Просекот кој ќе се постигне на ниво на држава ќе биде поголем од минатогодишниот, порача министерот за земјоделство Цветан Трипуновски при денешната посета на градскиот откупен пункт во прилепскиот Тутунски комбинат. Досега се откупени 1 400 тони тутун по просечна цена од 374, 3 денари и се исплатени 45 проценти од откупениот тутун. Земјоделскиот инспекторат го следи овој процес.

Од Сојузот на тутунските здруженија не се откажуваат од барањето до откупувачите за зголемување на цената.

„Сме во преговори со откупувачите и со министерството да дојдеме до поголема цена. Ние од тоа не се откажуваме, рече Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија.

И од Националната земјоделска мрежа сметаат дека откупот под 600 денари за килограм е економски неодржлив.

-Со измените во Законот за тутун на откупните фирми им е дава дискреционо право да ја формираат цената притоа да не ги земаат во предвид реалните трошоци за производство. Ставот на Националната земјоделска мрежа е дека тутунот реално треба да се плати по просечна откупна цена од 600 денари за килограм. Ние се повикуваме на ставот на тутунарите во Прилеп кој јасно кажаа дека откупот под 600 денари за килограм е економски неодржлив, изјави за весникот ВЕЧЕР, Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната земјоделска мрежа.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:600денарисојузставТутунфирмицена
Претходен напис НАЈК ПРОМ ДООЕЛ: Мотокултиватори од светски познатиот италијански бренд OKAY Ekonomic
Следен напис Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?