Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поради снегот, повеќе лица заглавени во Општина Студеничани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Поради снегот, повеќе лица заглавени во Општина Студеничани
Агропрогноза

Поради снегот, повеќе лица заглавени во Општина Студеничани

Објавено 03/12/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поради  наноси од снег повисоки од 60 сантиметри, едно лице е заглавено во месноста „Празни торба“ – Црни врв, село Цветово во Општина Студеничани.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), лицето денеска, во 9:18 часот, во РЦУК Скопје пријавило дека е заглавено, се наоѓа во сопствена викендица и не е во можност да го користи сопственото моторно возило, иако има зимска опрема.

Од РЦУК Скопје го известиле градоначалникот на Општина Студеничани, кој информирал дека имаат договор со фирма за чистење на снегот, но само до населените места. Потоа од градоначалникот добиле информација дека не успеале да обезбедат багер за чистење на снегот, но на пријавителот му било понудено да биде евакуиран со возило мотор со гасеници, но го одбил тоа бидејќи не сакал да го остави возилото.

Исто така денеска во 9:20 часот добиена е пријава за лица кои се наоѓаат во Планинарскиот дом „Караџица“ во Општина Студеничани, со возило, но поради висината на снежната покривка не можат да се вратат дома.

И за овој случај е известен градоначалникот на Општина Студеничани.

ЦУК соопшти дека има проблеми со водоснабдувањето во Берово, Кавадарци и Крушево. Апелираат сите итни случаи да се пријавуваат на бројот 112 во ЦУК.

МИА

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:заглавениснеготСтуденичани
Претходен напис Намален водостојот на Преспанското, а зголемен на Охридското Езеро
Следен напис УХМР: Ноември студен и просечно врнежлив
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?