Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Европратениците ќе гласаат за одобрување на новата Европска комисија 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Европратениците ќе гласаат за одобрување на новата Европска комисија 
Агровести

Европратениците ќе гласаат за одобрување на новата Европска комисија 

Објавено 27/11/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европскиот парламент на денешното продолжение на овонеделното заседание во Стразбур треба да гласа за одобрување на новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен со мандат за следните пет години. 

Сесијата ќе започне со тричасовна дебата на европратениците со Фон дер Лајен околу составот и програмата за работа на новата Европска комисија, по чие завршување ЕП ќе треба да гласа за нејзино одобрување во пакет. 

За да биде одобрена, новата Европска комисија треба да добие мнозинство од гласовите на европратениците што ќе учествуваат во гласањето.  

Одобрувањето следи откако во периодот помеѓу 4 и 12 ноември, сите кандидати за членови на ЕК беа сослушувани од страна на ресорните комитети на Европарламентот околу соодветноста и способноста да ги извршуваат должностите поврзани со ресорите што им се доделени, по што беа потврдени нивните номинации.  

Согласно процедурите во Европската Унија по одобрувањето на новата Еврокомисија од страна на европратениците, Советот на ЕУ со квалификувано мнозинство гласови формално ги назначува еврокомесарите. Се очекува целата постапка да заврши до крајот на месецов, со што новата Еврокомисија ќе стапи на должност на 1 декември. 

Вака утврдената листа ќе биде проследена до Европскиот парламент на понатамошна процедура на одобрување на кандидатите и ќе биде објавена во Службениот весник на Европската Унија. 

Инаку, постапката на потврдување на еврокомесарите беше заокружена минатата седмица, откако по еднонеделни преговори трите групации од проевропско центристичко мнозинство во Европскиот парламент – Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) минатата среда постигнаа договор за одобрување на шестмината кандидати за извршни потпретседатели на ЕК и на еврокомесарот за здравство и благосостојба на животните Оливер Вархеји.   

Согласно постигнатиот договор, СД се откажа од противење на одобрувањето на кандидатот за извршен потпретседател на ЕК за кохезија и реформи и за еврокомесар за кохезивна политика, регионален развој и градовите, Италијанецот Рафаеле Фито, кој доаѓа од редовите на десничарската алијанса Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), и на Вархеји, близок до екстремно десничарската група Патриоти за Европа (ПФЕ), а за возврат ЕПП се согласи за поддршка на кандидатурата на извршна потпретседателка на ЕК за чиста, праведна и конкурентна транзиција и за еврокомесарка за конкурентност, социјалдемократката Тереза Рибера Родригез.  

Договор предвиде и одземање на ингеренциите на Вархеји за правата на сексуално и репродуктивно здравје и за подготвеноста и управување со кризи, како и за надзорот над Управата за подготвеност и одговор при здравствени итни случаи (ХЕРА). Овие надлежности ќе ги преземе Белгијката, Хаџа Лабиб, која ќе биде еврокомесарка за подготвеност, управување со кризи и еднаквост.  

Дополнително, договорот вклучува и Изјава за соработка меѓу ЕПП, СД и РЕ во имплементирањето на политичките приоритети за претстојниот мандат на институциите на ЕУ, со фокус на одржливиот раст, конкурентноста, подготвеноста, демократските вредности, дигитална транзиција и посветеност на „се поблиска Унија“.  

Покрај за изборот на новата Европска комисија, европратениците денска треба да гласаат и за одобрување на Предлог-буџетот на ЕУ за 2025 години. Доколку европратениците го одобрат предложениот буџет, претседателската на Европарламентот, Роберта Мецола веднаш по гласањето ќе ја потпише одлуката за негово усвојување, откако тој претходно беше одобрен и од Советот на ЕУ.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:гласаатЕвропратеницитеЕвропска комисијаодобрување
Претходен напис Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила
Следен напис Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?