Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ГАЛЕРИЈА) 20 години  раст и развој  со Сојузот на стопански комори
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ГАЛЕРИЈА) 20 години  раст и развој  со Сојузот на стопански комори
Агровести

(ГАЛЕРИЈА) 20 години  раст и развој  со Сојузот на стопански комори

Објавено 20/11/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сојузот на стопански комори на Македонија одбележа 20 години постоење и делување во насока на креирање на подобро деловно опкружување за раст и развој на бизнисите во нашата земја.По тој повод беше организиран свечен настан кој се одржа во ресторан „Рагуза 360“ со присуство на високи претставници на државниот врв, претседателката на Р.Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски,амбасадори и претставници на дипломатскиот кор, бизнис елитата, новинари и други чинители активни во економското опкружување.


Сојузот на стопански комори е формиран во 2004 година,во период кој што беше пост транзициски,почна да се создава јадро на македонски приватни компании кои почнаа да се организираат согласно модерните системи на работење и управување.Фокусот беше во насока на создавање сопствена стопанска комора, според правилата кои ги забележуваа во светската пракса во однос на тоа како функционира успешниот бизнис.

По повод одбележување на 20 годишнината од основањето,се доделија призананија за успешна соработка и придонес за активностите на ССКМ: за својата амициозност и посветеност на Драган Михаиловски,г-дин Зоре Темелковски бизнисмен,г-дин Богослав Ангелоски еден од основачите на Сојузот на стопански комори,г-дин Ванчо Чифлиганец успешен бизнисмен, Велија Рамковски претприемач и еден од основачите на Сојуз на стопански комори на Македонија, посхумно признание за неговата работа се додели и на Адем Кочан кој беше и еден од основачите на Сојузот на стопански комори на Македонија, како пионер на приватната стопанска иницијатива и бизнис, наградата ја прими неговиот син.

Проф.д-р Орце Симов,претседател на Комората за информатичко-комуникациска технологија при Сојузот на стопански комори на Македонија,додели сертификати за ВЕРИФИКУВАН МАКЕДОНСКИ ИКТ ПРОИЗВОД кои ги исполнија високите стандарди за квалитетот на нивните производи и креирањето на уникатни производи кои им нудат конкурентност на домашниот и на глобалниот пазар.Компаниите на кои им беше доделен сертификати: Телелинк – противпожарен столб,Серафиомов Груп- E commerce,Ед ком -Auto Top Off,Сигма СБ-SSBedi,Даталаб МК- Pantheon WEB light.

,,20 години се навистина долг временски период,меѓу другите наши заложби, најголемите успех  сметам дека е претставеноста на Сојузот на стопански комори, конкретно преку мојата кандидатура од  пред неколку години за избран член во Генералниот совет на светската федерација на стопански комори. Да можете да бидете репрезент на интересите на регионот на Југоисточна Европа,и во сите светски организации ќе продолжиме да бидеме максимално претставени,со што ќе ја отвораме вратата на македонските компании за соработка со светот” истакна Ангелоски

Сојузот на стопански комори на Македонија продолжува интензивно да работи на меѓународната соработка и отварање нови пазари, во текот на своето постоење Сојузот се изгради во етаблирана самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација, која застапува околу 20.000 деловни субјекти и во иднина ќе продолжи да гради поцврсти бизнис релации и контакти со потенцијални европски партнери, олеснување на трансферот на знаење и технологии, како и промовирање на можностите за учество во програмите на ЕУ за истражување и развој.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:20 годининастанпрославасојуз на стопански комори
Претходен напис Запленети и уништени 366 килограми месо и преработки од месо во угостителски објект во Охрид
Следен напис Променливо облачно со повремен дожд и ветер, а на планините снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?