Денешната меѓувладина седница која што се одржа во Приштина помеѓу Владата на Македонија и Владата на Косово е доказ за добра и успешна соработка.
Успешната соработка ќе се заклучи и со потпишување на протоколи и меморандуми за соработка во три области кои што се од големо значење.
Се надевам дека размената на земјоделски производи помеѓу двете држави ќе продолжи и во наредниот период со зголемен интензитет.

Партнерството во областа на земјоделството треба да се зацврсти, затоа во наредниот период ќе се работи и на продлабочување на соработката во делот на ветеринарната политика, безбедноста на храната како и фитосанитарната политика.
Ќе се работи напорно за да се создадат блиски врски помеѓу агробизнисот од Косово и Македонија.
Фејсбук статус на Цветан Трипуновски
