Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најголемиот откупувач на тутун, Сокотаб започнува утре со откуп во Прилеп, Кривогаштани и Могила
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Најголемиот откупувач на тутун, Сокотаб започнува утре со откуп во Прилеп, Кривогаштани и Могила
Агровести

Најголемиот откупувач на тутун, Сокотаб започнува утре со откуп во Прилеп, Кривогаштани и Могила

Објавено 18/11/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Годинава, 18 ти ноември е првиот ден од кога би можел да стартува раниот откуп на тутунот. Во Македонија, денеска ниту една од 10 те откупни компании не започна со преземање на реколтата. И покрај најавите дека Кавекс Балкан ќе  отвори еден откупен пункт во долненско Дебреште, тоа не се случи, информира Радио Пела.

Сепак, најголемиот откупувач Сокотаб започнува утре, 19 ти ноември со 8 ваги, од кои 2 во Прилеп, а останатите во Кривогаштани и Могила. Веќе наредниот ден 20 ти ноември за почеток на преземање на реколтата најави Пашоски и тоа на 14 ваги од кои во Ново Лагово, битолскиот дел од Пелагонија, крушевско, во Кривогаштани и во Конче, Источна Македонија.

Засега, тоа се најавите за почеток на ран откуп од страна на компаниите кои треба 5 денови пред планираниот старт да го известат Сојузот на тутунски здруженија за поверениците кои ќе бидат ангажирани во откупните пунктови.

Годинава се склучени договори за  26 илјади тони тутун, од 16 800 земјоделски стопанства во Македонија.  Се очекува реколтата да биде за над 10% потешка од минатогодишната, односно од 16 до 17 илјади тони. Откупуваат 10 компани, кои пријавиле 298 откупни пункта ширум Македонија, со  305 ваги. Крајниот рок за старт на тутунскиот откуп од реколтата 2024/25  е 15 ти декември.

Цените во договорите се идентични како и пред 2 години: првата класа е 375 ден, втората е 300, третата е 240 денари, и дополнителната 115 денари. Висината на субвенциите е: за прва  класа 80 денари, втора 70 и трета 60 денари за кгр тутун.

Извор: Радио Пела

Може да ви се допадне

Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Без струја делови од Бутел
Таг:откупсубвенцијатуутнцена
Претходен напис Бред Пит го доби спорот со Анџелина Џоли за винаријата: Судијата ги одби трите жалби на актерката
Следен напис Трипуновски од Приштина: Партнерството во областа на земјоделството треба да се зацврсти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?