Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Исплатени субвенции од 2.000 денари за куче од расата Шарпланинец и Караман
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Исплатени субвенции од 2.000 денари за куче од расата Шарпланинец и Караман
Субвенции

Исплатени субвенции од 2.000 денари за куче од расата Шарпланинец и Караман

Објавено 15/11/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денес ќе бидат реализирани 7.194.500,00 денари кон 42 корисници од мерката 214.3 од Програмата за Рурален Развој за 2023 година.

Корисници на овие подмерки се земјоделските стопанства сопственици на минимум 5 грла говеда од расата Буша, 50 грла овци од расата Праменка (овчеполка и шарпланинска), 50 грла кози од расата Балканска коза, 10 грла овци од расата Праменка (каракачанска) кои ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда, овци и кози и се инвентаризирани и карактеризирани од страна на овластена институција за спроведување на мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од 2018 до 2024 година и истите ги чувале најмалку до 31 декември 2023 година. Висината на директните плаќања изнесува 2.000 денари по грло говедо од расата Буша, 550 денари по грло овца од расата Праменка (овчеполка и шарпланинска); 550 денари по грло коза од расата Балканска коза и 5.000 денари по грло овца од расата Праменка (каракачанска).

Корисници се и земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда од раса домашен Бивол, ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и истите ги чувале најмалку до 31 декември 2023 година. Висината на директните плаќања изнесува 9.000 денари по грло.

Корисници се и земјоделски стопанства кои одгледуваат овци и кози, кои поседуваат најмалку 50 грла овци и/или кози евидентирани во Регистарот на овци и кози, и се сопственици на педигрирани кучиња од расата Шарпланинец и Караман на кои е извршена идентификација со микрочип на денот на поднесување на барањето. Висината на директните плаќања изнесува 2.000 денари по куче и се исплаќа за куче од расата Шарпланинец и Караман кое е на возраст над шест месеци на 30.09.2023 година.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:денарирасарурален развојсубвенциишарпланинец
Претходен напис На стартот на откупот на тутунот заменик министерот Ристески во посета на Тутунски комбинат Прилеп
Следен напис Трипуновски на средба со риболовците: Охридското Езеро се става во функција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?