Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Шест пожари на отворено изминатото деноноќие, еден сe уште активен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Шест пожари на отворено изминатото деноноќие, еден сe уште активен
Агровести

ЦУК: Шест пожари на отворено изминатото деноноќие, еден сe уште активен

Објавено 13/11/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Шест пожари на отворен простор биле евидентирани изминатото деноноќие. Од нив, еден сѐ уште се води како активен, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– За активниот повеќедневен шумски пожар на Беласица, Регионалниот ЦУК – Струмица известува дека е локализиран, но, оти сѐ уште има внатрешно горење на одредени места. Пожарот започна на 10 ноември во подножјето на планината Беласица, помеѓу селата Смолари и Мокрино, општина Ново Село, појаснуваат од ЦУК.

Во текот на вчерашниот ден интервенирале 25 лица од ЈП „Национални шуми“ подружница „Беласица“ – Струмица, со четири теренски возила.

– Екипите се повлекле од терен во текот на вечерните часови, а останале четири лица заради контрола. Во текот на ноќта, на терен заминала и ТППЕ – Струмица со петмина пожарникари и две противпожарни возила. Врз пожарот сѐ уште се дејствува, согласно можностите за превенција против негово ширење до негово целосно гаснење, додаваат од ЦУК.

Од изгаснатите пожари, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, покрај гаснењето пожари во урбана средина, имала три интервенции на отворен простор.

ТППЕ – Битола имала две интервенции, во двата случаја интервенирала со по двајца пожарникара и едно противпожарно возило.

Според информација од ТППЕ – Крушево, изгаснат бил пожарот што започна на 3 ноември на место викано „Белушки ледини“, над селото Белушино. Била зафатена поголема површина што дополнително ќе се утврдува колку изнесува просторно.

Изминатото деноноќие, имало 1.561 повик на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК. Од повиците категоризирани како „реални“, кон полиција биле упатени 72,09 отсто, кон Итната медицинска помош – 20,54 проценти, а кон пожарникарите –  4,26 отсто.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:деноноќиеотвореноцукШест пожари
Претходен напис АФПЗРР: Исплата на средства од мерката 214.3 автохтони раси
Следен напис Раст на европските берзи, пад на азиските почетокот од седмицата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?