Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Подолгото отсуство на врнежи во овој период од годината негативно за земјоделските култури
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Подолгото отсуство на врнежи во овој период од годината негативно за земјоделските култури
Агровести

Подолгото отсуство на врнежи во овој период од годината негативно за земјоделските култури

Објавено 10/11/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Изминатите денови во земјава беше претежно сончево со постудени утра. По одделни котлини имаше појава на утринска магла или ниска облачност. Овие временските услови, со подолго отсуство на врнежи, резултира со намалување на влагата во почвата што може да влијае негативно кај сите земјоделски култури, велат агрометеоролозите.

Според нив, секоја култура во различни фази од развојот има потреба од вода.

-Кај овошните видови, овој период, почетокот на ноември, е најдобар за садење садници. При есенското и зимско садење, потребно е садницата да се загрнува со 30 сантиметри почва за заштита на коренот од мраз. Големо внимание треба да се обрне и на здравствената состојба на посадочниот материјал, особено да не е заразен од карантински болести и штетници. Треба да бидат добро развиени, здрави, квалитетни садници од бараните сорти и подлоги, истакнуваат агрометеоролозите од УХМР.

Некои доцни сорти на овошни видови, како дуњите, јапонското јаболко и калинката, се во фаза на берба.

-Овошните култури имаат потреба за вода и по бербата наесен, заради кондиционирање и презимување без оштетувања од ниски температури и заради формирање родни пупки за идната година. За постигнување висок и квалитетен принос низ цела вегетација, почвата треба да има доволно количество лесно достапна вода, нагласуваат агрометеоролозите. 

Тие порачуваат дека кај останатите култури треба да продолжи примената на потребните агротехнички мерки: наводнување, обезбедување хранливи материи за поголема отпорност кон зимски мразеви, употреба на сертифициран семенски материјал со добри квалитетни сортни карактеристики и добра здравствена состојба, употреба на квалитетно ѓубриво,…

Од денеска, според прогнозите на УХМР, времето ќе биде променливо облачно и постудено. Утре наместа се очекуваат и повремени врнежи. Минималната температура ќе се движи од -6 до 5 степени на повисоките места, а максималната ќе биде од 9 до 20 степени. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:врнежиземјоделските културинегативноПодолгото отсуство
Претходен напис Променливо облачно и постудено, до 14 степени
Следен напис Скопје, Кочани, Струмица, Тетово и Гостивар со висока загаденост на воздух
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?