Сојузот на Стопански комори на Македонија со гордост објавува дека во рамките на проектот за зајакнување на лидерската улога на жените во приватниот сектор, започна спроведувањето на менторската програма со учество на 40 компании!
Преку оваа програма се презентираат и имплементираат родово-инклузивни работни места, поставувајќи ги темелите за повисока инклузивност и еднакви можности за сите во приватниот сектор. Ова е важен чекор кон создавање работна средина каде жените можат да се развиваат и напредуваат на лидерски позиции.
Оваа активност е дел од проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем” спроведуван од Strategic Development Consulting – Консалтинг за Стратешки развој со поддршка на американскиот народ преку агенцијата на САД за меѓународен развој USAID North Macedonia, а подготвен од Macedonian Chambers of Commerce – Сојуз на стопански комори на Македонија.
