Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: За 28 отсто е зголемен извозот на зелка годинава споредено со минатата година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: За 28 отсто е зголемен извозот на зелка годинава споредено со минатата година
Агровести

МЗШВ: За 28 отсто е зголемен извозот на зелка годинава споредено со минатата година

Објавено 31/03/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Извозот на зелка оваа година споредено со минатата година е зголемен за 28 отсто. Конкретно, од почетокот на годинава до 29-ти март, според податоците од Царинската управа, се извезени 17.018 тони зелка, за разлика од лани истиот период кога се извезле 13.278 тони зелка. Само во период од 27-ми до 29-ти март, од нашата држава се извезени 1.676 тони зелка, што е повеќе од истиот период лани кога извозот на зелка бил 1.001 тон. Овие податоци покажуваат дека нема застој во извозот, туку напротив постои зголемување на извозот на зелка. Од друга страна увозот на зелка од почетокот на годинава до 29-ти март е само 1 тон.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го следи откупот на зелка и на останатите земјоделски производи, во овој период на вонредна состојба поради појавата на коронавирусот во нашата држава. МЗШВ е во постојана комуникација со производителите, откупувачите и извозниците, со цел да има непречен извоз на земјоделските производи.

Во насока на олеснување и забрзување на транспортот, Владата донесе одлука за возачите на камиони кои вршат транспорт да не важи мерката за 14 дневен карантин, доколку ги почитуваат препорките за заштита, односно носење на соодветна заштита, дезинфекција и движење. Истото важи и за возачите од другите држави. Истотака, со цел непречен транспорт (односно извоз/увоз) земјите од регионот и ЕУ договорија зелени коридори за олеснување на транспортот и трговијата на примарните производи.

Во насока на обезебедување на пласман на домашните земјоделски производи, во овој период на глобална пандемија, на веб страната на МЗШВ, поставен е банер за полесен пристап на земјоделците до новатa апликација на страната на Земјоделскиот пазарен информативен систем (ЗПИС). Оваа апликација е под наслов „Понуда-Побарувачка“ и преку неа на земјоделците им се овозможува во овие услови на вонредна состојба кога дел од пазарите (кванташки, зелени пазари, добиточни пазари) не се во функција, сепак да можат да тргуваат со своите производи на домашниот пазар.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:зелказемјоделципласман
Претходен напис Страв од недостиг на храна: Пченицата со зголемена цена на светските пазари
Следен напис Статистика: Лани намален бројот на добитокот и на производството, освен на месо
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?