Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Интересот за купување зелка кај граѓаните е намален, причина високата цена, велат пазарџиите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Интересот за купување зелка кај граѓаните е намален, причина високата цена, велат пазарџиите
Агровести

Интересот за купување зелка кај граѓаните е намален, причина високата цена, велат пазарџиите

Објавено 24/10/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според најновите податоци од Земјоделскиот пазарен информативен систем на Министерството за земјоделство, најевтина е зелката во Кичево и Крушево, додека низ скопските пазари се движи од 50-60 денари. Најскапата зелка се продава на пазарот во Берово каде што достигна цена од 80 денари, информира Рацин.мк.

Цените предизвикаа масовни негодувања меѓу купувачите, особено пензионерите, кои се најпогодени од овој тренд.

„Ова е веќе претеризам. Секогаш сум си ја купувал зелката наесен за да ја ставам за зимница, ама оваа година е многу тешко да се одделат толку пари. Имам 16.000 денари пензија, а од тие пари морам да издвојам за сметки, лекови и за сè друго. Од каде да најдам толку пари за зелка? Мора да најдеме алтернатива, ама веќе ништо не е евтино“, реагираат граѓаните.

Ситуацијата со цените на пазарите не е нова. Цените на речиси сите земјоделски производи драстично пораснаа, а зелката, како една од клучните состојки во македонската исхрана, стана симбол на тековната економска криза.

И пазарџиите укажуваат дека интересот за купување зелка е намален.

„Луѓето се жалат. Некои доаѓаат, го гледаат производот и се враќаат назад. Не можат да си дозволат да платат толку многу, а и ние не можеме да продаваме по пониски цени. Ќе видиме што ќе се случи, но изгледа зимата ќе биде тешка за сите“, велата продавачите на пазарите.

Извор: Рацин.мк

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:зелкапласманцена
Претходен напис Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено 
Следен напис АФПЗРР: Исплата на средства од Програмата за Интервентен Фонд во земјоделството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?