Во село Вејце, прекрасна манифестација „Денови на тетовски грав“ и „Ден на компирот од Вејце“ во организација на Земјоделската задруга – Шарри од Тетово.
Behare Neziri и Naser Xhemaili секоја чест за вас и сите други кои ја организираа оваа средба. Ви благодарам за убавите зборови и честа да бидам дел од една иницијатива која многу брзо покажа како може и треба да се работи посветено во интерес на членовите на задругата но и на вкупното земјоделство и Руралниот развој, напиша на ФБ, Ленче Николовска.



Денешната манифестација покажа и колкава е желбата за дружење, заедничко делување и просперитет на едно село и регион. Присуството на локалната и централната власт, пратеници, потоа претставници од странски донатори и проекти, земјоделски производители, бизнис сектор – ја црта сликата на една убава визија за развој и соживот, за иднина.

Звуците на „Распукала Шар Планина“ и убавите мали играорки беа круна на целиот настан ![]()
Фејсбук статус на Ленче Николовска
