Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Кавадарци со саем „Вкусот на традицијата“,  одбележан Меѓународниот ден на руралната жена 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Кавадарци со саем „Вкусот на традицијата“,  одбележан Меѓународниот ден на руралната жена 
Агровести

Во Кавадарци со саем „Вкусот на традицијата“,  одбележан Меѓународниот ден на руралната жена 

Објавено 15/10/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со саем насловен „Вкусот на традицијата“, во Кавадарци денеска беше одбележан Меѓународниот ден на руралната жена. Настанот беше во организација на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општината и Здружението за родова еднаквост „Визија“, во соработка со Винскиот музеј, во чиј двор беа изложени повеќе штандови со производи. 

– Руралните жени се костурот на многу економии, но нивните придонеси често остануваат непризнати. Овој ден ни нуди можност да размислиме за нивната непроценлива работа и да ја подигнеме свеста за уникатните предизвици со кои се соочуваат, од ограничен пристап до образование и здравствена заштита, до влијанието на климатските промени, рече Елизабета Ристова, директор на Музејот.

Во своето обраќање, Марија Камчева, координатор за родова еднаквост при Општината, рече дека овој саем не е само можност да ги презентираме и пробаме локалните деликатеси и ракотворби, туку и платформа за поврзување, размена на искуства и поддршка на нашите вредни производители. 

– Секој производ, било тоа да е домашен специјалитет, мед, колаче, рачно изработен предмет или традиционално јадење, носи со себе приказна и страст на жените кои го обработуваат и создаваат. Денес поттикнуваме и охрабруваме сите да ги поддржиме локалните прозводи, да ја прошириме свеста за важноста на руралните жени и да ја славиме нивната улога во зачувувањето на традицијата и културното наследство, рече Камчева.

Таа истакна дека овој настан е идеална прилика да ги откриеме богатствата на нашата локална култура и да се запознаеме со вредните жени кои работат за зачувување на нашите обичаи. Нивната работа, додаде, не е само економска активност, туку и начин на живот, што ја истакнува важноста на руралната заедница во нашето општество.

Камчева ја нагласи потребата од мерки за зголемување на бројот на регистрираните земјоделки и носителки на земјоделски стопанста преку соодветно вреднување на нивниот труд, законски измени за признавање на нивните права и социјални бенефиции, вклучувајќи родителско отсуство, боледување и пензии, дизајнирање на директни мерки со кои ќе се овозможи вклучување на жените во руралните средини на пазарот на труд и слично. 

Пред присутните се обрати и Благица Коцева Тодорова, претседател на „Визија“. Таа истакна дека денешниот саем е и потсетник за потребата да ја поддржуваме секоја жена, секоја рурална жена, да има пристап до сите ресурси, до знаење и можности за раст и развој.

Претседателот на Комисијата, Александар Мукаетов рече дека производите на жените го носат вкусот и духот на нашето наследство. 

– Давам максимална поддршка и сметам дека вашата поддршка е клучна за одржување на овие вредности и за поттикнување на руралните жени да продолжат со својот труд. Заедно можеме да содадеме свет во кој ќе се цени и почитува трудот на сите жени. Меѓународниот ден на руралната жена е потсетник дека без нив нема иднина. Правата на руралните жени се правата на сите нас. Ние сме тука за да ги поддржуваме. Секој напор на руралната жена е чекор кон еднаквост и одржлив развој, истакна Мукаетов. 

Тој нагласи дека највредната инвестиција е таа во руралните жени, нивната работа носи плодови за целото општество. Притоа додаде дека секое семе што го садат руралните жени  е семе на надеж за идните генерации. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Вкусот на традицијатакавадарциМеѓународниот денруралната жена
Претходен напис Во петок и сабота повремени локални врнежи и пониски температури
Следен напис Објавен Јавен повик за кофинансирање на проекти за паметна специјализација, зелена и дигитална трансформација
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?