Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Производителите на лешник се организираат за подобар пласман 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Производителите на лешник се организираат за подобар пласман 
АгровестиПазари

Производителите на лешник се организираат за подобар пласман 

Објавено 05/10/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ниските цени, немањето пласман и лошите климатски услови се едни од најчестите проблеми со кои се соочуваат производителите на лешник од Источниот регион. Сепак, споредбено со други овоштарски култури одгледувањето на лешник, според делчевскиот производител Љупчо Ромовски е далеку поисплатливо во однос на останатите овоштарски култури. 

За него проблем е само периодот додека почне да се собира родот, за кој во Делчевско, како што вели Ромовски, се чека и до пет, шест години, за разлика од Струмичкиот регион, каде времето потребно еден лешник да почне да дава род е од три до четири години.

-Цената е ниска, за пласманот сами се снаоѓаме, имаме и лоши климатски услови, но споредбено со други овоштарски култури се исплати оваа култура. Како што беше сушна годината добро е оваа година. Само многу се чека првите 4,5 години, се чека и има само вложување. Бербата  почнува по шестата година, кај нас не е како во Струмичко по 3-тата или 4-тата година. Јас имам 2 тони и некаде груба математика околу 5000 евра добивка. Имаме и субвенции од 2800 денари од декар за одржување на насадите со таа сума трошокот се покрива, појаснува Ромовски.

Шади Нуредини од гостиварски Балин Дол има околу 3000 дрвца со насади од лешник и годинава има произведено околу 25.000 килограми чист род. 

-За собирањето на родот имам набавено машина и многу сум задоволен од неа, бидејќи работата оди добро. Годинава имам околу 25.000 килограми. Пласманот ми е во странство, исклучиво во Италија, вели Нуредини. 

Производителите на лешници како од Источна, така и од Западна Македонија денеска се сретнаа на заеднички настан во село Истибања, на покана на Дарко Спасов, сопственик на најголемиот  откупен центар за лешници. На настанот беа разменети искуства меѓу самите производители, но им беше претставен и планот околу понатамошниот пласман на родот. 

-Денеска е убав ден кога овде имаме гости од Италија, агроними од фирмата Маркизио. Тие се тука да дадат поддршка на земјоделците, да знаат дека нема да имаат проблем со откупот и во иднина да соработуваме. Тие се многу заинтересирани за нашиот лешник, вели Спасов.

Неговиот откупен центар „Глорија“ кој се наоѓа на влезот на Истибања веќе почна со овогодишниот откуп.

-На самиот старт имаме откупено околу 30 тона лешник, а продолжува откупот се до јануари, февруари. Има повеќе сорти, нашата сорта во зависност од квалитетот се движи околу 220 денари за еден килограм. Годинава ќе биде една средна цена од 3,5 евра, оваа година е исклучок бидејки малку се повисоки цените. Целта ни е ако имаат слух од државата да го видат ова, нека дојдат да не побараат, да направиме еден сеопфатен план, за да се зголеми производството на лешници и да имаме директни инвестиции,  да извезуваме лешници како загарантиран производи, дециден е Спасов.

Со цел да бидат поинтересни и прилагодливи за италијанскиот пазар, како откупен центар планираат производството да го прошират.

-Освен сегашниот полупроизвод планираме во иднина да почнеме со продажба и на готов производ како печени лешници. Годинава имавме доста род, квалитетот сега малку се нарушува со последните дождови, ланската година беше катастрофална, полани беше доста добра, додава Спасов.

Александро Молеа, агроном од Италија, кој денес беше заедно со неговиот колега Маркизијо Рикардо од Пиемонте, најголемиот регион кој откупува лешници, изразија задоволство од она што Виница и воопшто државата го има како квалитет од лешниковиот род.

-Во Италија годинава имаше мал род на лешник и поради тоа цените пораснаа. Овде цените се задоволителни, ќе видиме со нашиот соработник колку можеме да откупиме. Оваа година ќе биде експериментална и мислам дека поради квалитетниот род кој го имате соработката ќе продолжи и понатаму, истакна Молеа.

На територијата на цела држава производството на лешник се движи околу 2000 хектари, а заработувачката од 3 тона продаден лешник и до 6000 евра. Генералната оценка на присутните на организираниот настан во село Истибања е дека лешниковите насади се зголемуваат и затоа повеќе од потребно е организирано да се настапува при пласманот на родот.

Во рамки на настанот пред присутните беа презентирани и органски ѓубрива со цел подобрување на квалитетот на произведен  лешник.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:лешникорганизираатпласманподобарпроизводителите
Претходен напис Трајковски: Пелети декларирани како словенечки, а немаат врска со Словенија, граѓаните да внимаваат кога купуваат
Следен напис Ловен дом Берово – нова рурална приказна: Започнале пред година ипол, а веќе планираат проширување на капацитетите и нов хотел
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?