Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ТАВ Македонија: За над 40 отсто порасна вкупниот авионски карго-транспорт на Меѓународниот аеродром Скопје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ТАВ Македонија: За над 40 отсто порасна вкупниот авионски карго-транспорт на Меѓународниот аеродром Скопје
Агровести

ТАВ Македонија: За над 40 отсто порасна вкупниот авионски карго-транспорт на Меѓународниот аеродром Скопје

Објавено 04/10/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За над 40 отсто порасна вкупниот авионски карго-транспорт на Меѓународниот аеродром Скопје во изминатите осум месеци, известува ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми.  

-Во периодот од јануари до август годинава, Карго-центарот кој работи во рамки на Меѓународниот аеродром Скопје сработел 41,9 отсто повеќе карго-пратки за воздушен транспорт.  Импресивниот раст, или превезените 3.062.736 тони карго преку авионски транспорт и камионски услуги од јануари до август 2024 година, ја истакнува зголемената улога на Карго центарот при Меѓународниот аеродром Скопје во локалната, регионалната и глобалната логистика, како и неговата стратешка важност во меѓународниот синџир на снабдување, велат од ТАВ Македонија.

Овој неверојатен пораст, како што нагласуваат, ја покажува издржливоста и приспособливоста на ТАВ Македонија и на Меѓународниот аеродром Скопје. 

-Нашите услуги за извоз на карго товар што се достапни 24/7 и посветеноста на нашиот тим, во комбинација со нашите тековни подобрувања во ресурсите и капацитетите, нѐ позиционираа како витален регионален центар за карго-операции. Со гордост истакнуваме дека имаме зголемување на бројките, односно 91,5 отсто на извезеното карго и 18,7 отсто на увезеното карго, во периодот јануари-август 2024 година споредено со истиот период во 2023 година. Остануваме посветени на поддршката на нашите партнери, негувајќи ја нашата долгорочна одлична соработка со Царинската управа, компаниите и авиокомпаниите, со што придонесуваме за локалната економија преку олеснување на континуираниот пораст на овој сектор,, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Зголемувањето на обемот на авионскиот карго-транспорт ја одразува значајната побарувачка во секторот и континуираните инвестиции на аеродромскиот оператор во инфраструктура и услуги.

Имено, откако ТАВ Аеродроми, преку својата подружница ТАВ Македонија, го презеде работењето и управувањето со македонските аеродроми во 2010 година, беше реализирана голема инвестиција во модерни капацитети на карго-центарот, а со тоа и капацитетите за ракување со карго значително се зголемија.

Покрај модерниот карго-магацин, просторите за складирање и складишните комори за различни видови специјално карго, хемикалии, опасни материи и слично, Карго центарот на ТАВ Македонија исто така обезбедува и овозможува и дополнителни поволности и предности за корисниците на карго услугите.

Предностите што ги нуди Карго центарот при Меѓународниот аеродром Скопје се следниве: ефикасно ракување со товарни авиони на товарната платформа; специјална опрема за ракување со товарни авиони и камиони; лесен пристап за камиони неопходен за комбиниран транспорт за редовната услуга за прифаќање и испраќање карго во патен сообраќај со RFS (Road Feeder Service) и редовните испораки со камиони; царинско застапување; како и царински испостави и карго агенти (шпедитери), а сето тоа за подобри и поефикасни операции и комуникации.

-Авионското карго постојано е во пораст и ги следи трендовите во развојот на домашната економија, како и зголемените деловни активности во клучните индустрии. Зголемената побарувачка за превоз на стоки со авионско карго од страна на компаниите ги докажува континуираните напори на нашиот искусен тим во однос на презентирање на капацитетите и услугите на карго центарот. Нашите услуги ги објаснуваме и презентираме на редовните состаноци и средби што ги имаме во рамките на стопанските комори во земјата, на меѓународните саеми за транспорт и логистика и преку други видови промотивни активности. Преку сето ова дополнително се зголемува интересот и побарувачката за карго услугите од страна на компаниите, во однос на патниот карго транспорт, објасниКурт.

Меѓународниот аеродром Скопје преку својот Карго-центар и персоналот за карго услуги се посветени кон одржување високи стандарди и квалитет на услугите и ефикасноста со цел приспособување кон зголемената побарувачка за авионски карго превоз.

ТАВ Македонија, во однос на авионскиот карго транспорт преку Карго центарот на Меѓународниот аеродром Скопје, го заврши периодот јануари – август 2024 година со вкупно 3.062.736 тони превезен авионски карго товар, што споредено со бројките од 2023 година за истиот период, претставува пораст од 41,9 отсто, односно 18,7 отстотен пораст на увозно и 91,5 отстотен пораст на извозно карго.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:40 отстокарго-транспортСкопјеТАВ Македонија
Претходен напис Средното училиште од Драчево СУГС „Браќа Миладиновци“ беше домаќин на Втората регионална средба на земјоделско-ветеринарни училишта
Следен напис (ВИДЕО) Министер за одбрана на БиХ: 20 загинати во поплавите, Јабланица отсечена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?