Со калцификација се поправа, се подобрува земјиштето и се приближува до потребната рН вредност. Кога со хемиската анализа на контролата на плодноста на почвата се утврдува ниска Ph вредност, потребно е да се направи калцификацијата за да се подобри Ph и да се олесни навлегувањето на хранливи материи во почвата.
Калцификацијата може да биде мелиоративна и дополнителна. Мелиоративната се применува кога главната причина за намалена плодност на почвата е недостаток на калциум и обично се изведува на почви со среден и потежок механички состав. Дополнителна калцификација се применува на почви каде недостатокот на калциум е предизвикан од испирање од почвата и изнесување од почвата преку култивираните растенија.
Поради отежнатата механичка обработка, калцификацијата е идеално да се прави при суво време (во лето) и во периоди на мраз (калцификација во зима).
Зимска калцификација
Ниските температури ќе создадат услови за калцификација во зима. На тој начин почвата ќе има добра pH вредност и растенијата да имаат поволни услови за раст и развој во пролетта, по сеидбата.
Зимската калцификација има многу предности:
-ако се изврши пред есенското орање, доаѓа до неутрализација на киселоста на почвата во подлабоките слоеви
-ако се примени на замрзната почва, механичката обработка ќе биде полесна
-калцификацијата во овој период (шест месеци пред сеидба или садење) ќе има поголем ефект врз следната култура бидејќи pH вредноста ќе се зголеми
-се надоместуваат хранливите материи (Ca и Mg) изнесени со приносот.
