Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие
Агровести

Пет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие

Објавено 27/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пет пожари на отворен простор низ државава се евидентирани изминатото деноноќие, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Гореле стрништа, депонии, ѓубришта, сува трева и нискостеблеста вегетација, како и шума.

Скопската Бригада за противпожарна заштита од 2:50 до 3:40 часот, интервенирала на запалена ниска вегетација и ѓубре на обиколница – клучка кај Оризари. Било интервенирано со едно возило и четворица пожарникари.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица – Струмица од 18:50 до 19:30 часот, со тројца пожарникари и едно противпожарно возило, интервенирале на запалена депонија кај село Просениково. Од 23:30 до 24 часот со тројца пожарникари и едно возило, се интервенирало на запалена ниска вегетација, покрај улицата „Ристо Ќурчиев“.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица – Виница од 11:50 до 12:50 часот, со тројца пожарникари и две противпожарни возила, интервенирале на запалена ниска вегетација.

Од Регионалниот центар за управување со кризи – Велес информираат дека и на нивна територија имало помала интервенција.

– Изминатото деноноќие имало вкупно 1.792 повика на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 во ЦУК. Од нив, „реални“ повици биле 57,26 отсто, а 42,74 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 70,94 отсто, кон Итната медицинска помош – 22,26 проценти, кон пожарникарите – 3,40 отсто, а кон АМСМ – 0,38 од реалните повици, се додава во соопштението.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:деноноќиеизминатотоотвореноПет пожари
Претходен напис Меѓународни саеми „Органска трпеза“ и  „АгроМак“ во Куманово
Следен напис Дезинсекција на скопска територија ќе се врши наредните денови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?