Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УЈП најави контроли во финансиското работење на штандовите на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УЈП најави контроли во финансиското работење на штандовите на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“
Агровести

УЈП најави контроли во финансиското работење на штандовите на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“

Објавено 26/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи најави строги контроли на финансиското работење на правните и физичките лица кои ќе постават продажни штандови на претстојната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“. 

На прес-конференцијата што се одржа во простории на УЈП во Кочани беше нагласено дека субјектите кои планираат да учествуваат со поставување штандови, треба да се пријават за извршување трговска и занаетчиска дејност.

-Правните лица имаат обврска да користат одобрен фискален систем на опрема, односно да имаат фискални уреди и да издаваат фискални сметки. Значи, имаат обврска налепницата „Задолжително побарај фискална сметка” да ја стават на видно место со цел граѓанинот да знае дека и тој има обврска да си ја побара фискалната сметка. Оставарениот промет имаат обврска да го уплатат во текот на наредните денови. Освен правните, можат да учествуваат и физички лица кои се занимаваат со дејност од времен карактер, односно улични продавачите на пуканки, палачинки, кафе, сокови и слично. Тие имаат обврска до Управата за јавни приходи да поднесат барање за паушално плаќање на данок на личен доход, за што ќе им биде издадено решение за времен карактер и налог за плаќање, истакна Маре Данкова, регионален портпарол на Управата за јавни приходи.

Доколку физичките лица не поденсат барање за паушално плаќање данок на личен доход, Управата за јавни приходи ќе им изрече парична казна во вредност од 50 до 250 евра во денарска противвредност.

Правните лица пак, ќе се соочат со глоба од 300 до 10 илјади евра ако не издаваат фискална сметка , во зависност од тоа како е регистриран субјектот.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Денови на кочанскиот оризконтролиујпштандовите
Претходен напис Објавен јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување велосипеди во 2024 година
Следен напис Нелкоски Органик Фуд започна со откуп на лешник со долгогодишни договори
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?