Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Меџити и Гиновска најавија засилени контроли на воздухот, први „на удар“ најголемите индустриски капацитети
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Меџити и Гиновска најавија засилени контроли на воздухот, први „на удар“ најголемите индустриски капацитети
Агровести

Меџити и Гиновска најавија засилени контроли на воздухот, први „на удар“ најголемите индустриски капацитети

Објавено 26/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и директорката на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) Ивана Гиновска денеска, во пресрет на претстојните есенски и зимски месеци, најавија засилени контроли на квалитетот на воздухот. Контролите ќе почнат, како што рекоа, од најголемите индустриски производни капацитети, а први ќе бидат оние во скопскиот регион.

Работните тимови ќе спроведуваат увиди на терен и надзор на издадените интегрирани еколошки дозволи. Целта е, нагласи Меџити, да се контролира усогласеноста на условите во дозволата со работата на капацитетите. Според него, Владата сака навреме да стартува со активности за ублажување на последиците од загадувањето. 

-Нашата стратегиска определба е да делуваме врз изворите на загадувањето. Тргнувајќи од фактот дека квалитетот на воздухот не може да се реши преку ноќ, ниту е тоа локален проблем или проблем на едно министерство, активностите за подобрување на состојбата со аерозагадувањето ќе настојуавме да бидат инклузивни, да се споделуваат и координираат со сите релевантни институции, напомена министерот.

Гиновска потенцира дека во есенските и зимските месеци веќе се планирани редовни инспекциски надзори кај субјектите со А интегрирани еколошки дозволи.

-При надзорите, покрај наши тимови, ќе присуствуваат и вработени во Министерството за животна средина кои ги изготвуваат одобренијата за дозволите. За спроведените надзори, ДИЖС редовно ќе ја известува јавноста. Ќе биде изготвена и стратегија за спроведување на законодавството за период од шест години по реони и области со цел оптимизација на ресурсите, рече директорката.

Новина е, потенцира, тоа што ќе има мешовити инспекциски тимови – инспектори од еден град или регион ќе вршат надзор во други градови и реони за зајакнување на интегриетот и подобрување на квалитетот на надзорите.

Таа информира дека ДИЖС се соочува со недостиг на кадар поради што побарал вработувања и има одобрен план за вработување тројца нови инспектори. За наредната година Инспекторатот предвидува плус девет вработувања, но тоа, рече Гиновска, ќе зависи од Буџетот. 

МИА

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:воздухотГиновсказасилени контролииндустриски капацитетиМеџитиудар
Претходен напис Пристигнаа најавените локомотиви од „Србија Карго” за товарниот сообраќај на МЖ Транспорт
Следен напис Објавен јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување велосипеди во 2024 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?