Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пристигнаа најавените локомотиви од „Србија Карго” за товарниот сообраќај на МЖ Транспорт
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пристигнаа најавените локомотиви од „Србија Карго” за товарниот сообраќај на МЖ Транспорт
Агровести

Пристигнаа најавените локомотиви од „Србија Карго” за товарниот сообраќај на МЖ Транспорт

Објавено 26/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Четирите најавени локомотиви од „Србија Карго” пристигнаа во Македонија и веднаш ќе бидат ставени на располагање и во функција на „Македонски железници”, објави денеска министерот за односи помеѓу заедниците Иван Стоиљковиќ.

Станува збор за четири локомотиви за товарен сообраќај што, како што наведува во објавата на Фејсбук, ќе бидат од суштествено значење за непречено фунционирање на товарниот сообраќај низ Македонија, преку Србија, до земјите од Европската Унија.

– Договорената соработка е од големо значење не само за двете железнички компании туку и за севкупната регионална соработка по Коридорот 10 која не само што ќе го зголеми капацитетот на транзитниот сообраќај, туку и приходите, во пресрет на се поголемата побарувачка на теретниот транспорт. Пофалба за директорот на МЖ транспорт Дејан Кошутиќ за брзото спроведување на постапката и на надлежниот министер Александар Николовски кој со своето несебично залагање и труд обезбеди внатрешна логистика на процесот, мое беше само да обезбедам комуникација помеѓу компаниите и политичка поддршка од српската Влада локомотивите што побрзо да стигнат и да се стават во функција. Тимската работа секогаш носи добри резултати,  наведува Стоиљковиќ.

Се заблагодарува на српската Влада за покажаното разбирање и брзата реакција во, ко што посочува, решавањето на проблемот со кој се соочувавме. 

АД за железнички транспорт на стоки Србија Карго и Железница на Северна Македонија – Транспорт АД Скопје,  завчера објавија дека склучиле договор за изнајмување на четири електрични локомотиви од серијата 461, со што е воспоставена стратешка соработка на две државни железнички компании во областа на железничкиот транспорт на стоки.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:локомотивиМЖ ТранспортСрбија Карготоварниот сообраќај
Претходен напис ДПИ вчера изрече санкции од речиси 1,2 милиони денари за непочитување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки
Следен напис Меџити и Гиновска најавија засилени контроли на воздухот, први „на удар“ најголемите индустриски капацитети
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?