Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пад на увозот на енергенси во ЕУ на годишно ниво 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пад на увозот на енергенси во ЕУ на годишно ниво 
Агровести

Пад на увозот на енергенси во ЕУ на годишно ниво 

Објавено 25/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во вториот квартал од 2024 година, ЕУ увезла вкупно 177,9 милиони тони енергенси во вредност од 94,9 милијарди евра, што претставува намалување по количество во однос на истиот период лани за 9,7 отсто и по вредност за 10,7 проценти.  

Според податоците на Европската сатистичка служба – Евростат, увезените количества на природен гас во второто овогодишно тримесечје се намалени за 9,5 отсто на годишно ниво, а нивната вкупна вредност бележи пад од 31,4 отсто. 

Намалување во истиот период се бележи и при увозот на течен гас и тоа за 20,2 отсто според количество и за 41,2 проценти по вредност. 

Благ раст на годишно ниво е регистриран во вредноста на увезените нафта и нафтени деривати и тоа за 5,6 отсто, иако во нивниот обем има намалување за 2,2 проценти. 

Најголем дел од увезениот природен гас во ЕУ во вториот квартал од годинава или 43,5 отсто потекнувал во Норвешка, по што следуваат Алжир со 21,6 проценти и Русија со 15,5 отсто. 

Кога станува збор за течниот гас, 46 проценти бил увезен од САД, по што следуваат Русија со 16,8 и Катар со 11,9 отсто. 

САД се главен извозник и на нафта и нафтени деривати во ЕУ со удел од 15,1 проценти, пред Норвешка со 14,1 и Казахстан со 11,7 проценти. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:годишно нивоенергенсиЕУувозот
Претходен напис Трајковски: ДПИ од денеска ќе почне да ги казнува трговците кои не ги намалиле профитните маржи согласно одлуката на Владата
Следен напис Малтежаните најздрави меѓу жителите на ЕУ 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?