Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Војчеховски: Да обезбедите одржливост на агро секторот, конкурентни синџири на исхрана и силна администрација
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Војчеховски: Да обезбедите одржливост на агро секторот, конкурентни синџири на исхрана и силна администрација
Агровести

Војчеховски: Да обезбедите одржливост на агро секторот, конкурентни синџири на исхрана и силна администрација

Објавено 24/09/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Приклучувањето кон ЕУ од аспект на земјоделството ќе донесе предизвици, но и многу можности. Мора да обезбедите одржливост на секторот, вашите синџири на исхрана треба да бидат конкурентни на европскиот пазар, но и во современите економии. Мора да ја подготвите јавната администрација преку засилување на контролните структури и управувањето, да осигурате дека тие ќе бидат целосно во согласност со принципите на доброто владеење. Овие принципи се многу важни за да се управува со фондовите на ЕУ, порача денеска еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски.

Во обраќањето на министерскиот состанок што се одржува во Скопје, Војчеховски потенцира дека проширувањето на ЕУ е повторно вратено на агендата.

– Сега, повеќе од кога било, мора да работиме заедно, мора да продолжиме со заедничките напори. Политичките упатства на Европската комисија укажуваат на моралниот политички геостратешки императив за комплетирање на Унијата, истакна Војчеховски.

Според него, упатствата укажуваат и дека ќе се претстави политика за претпроширување со која ќе биде опфатена и безбедноста на храната. Ќе биде подготвена, рече еврокомесарот, и новата визија за земјоделството и храната, која треба да се усвои во првите 100 дена од новиот состав на Комисијата, за да може да се обезбеди долгорочна конкурентност и одржливост на агро секторот.

Војчеховски се осврна и на ИПАРД. Потсети дека оваа Програма е корисна алатка за поддршка на земјоделството, но, како што подвлече, не може да функционира ефикасно без силна, квалитетна администрација.

– Мора да се погрижите потребните ресурси да бидат достапни. Не можам да истакнам колку е важно да се изгради и одржува администрација која ќе биде соодветно искусна и која ќе ја имплементира поддршката на ЕУ за да се овозможи цврсто финансиско управување. Ова е клучно за да се постигнат саканите цели, кај кои се забележува доцнење. Имајте на ум што работите сега, зашто тоа ќе го трасира патот во иднина за заедничката земјоделска политика во вашите земји, рече Војчеховски.

Треба да се зголемат, нагласи, сите напори за да се апсорбираат финансиските ресурси кои навремено ќе се искористат за поддршка, а од ИПАРД 2 да се научи лекцијата.

Во однос на храната и земјоделството, земјава, напомена, мора да направи напори за да ја усогласи легислативата со европската за да се применат европските стандарди и да се зголеми климатската отпорност, како и одржливоста на земјоделството.

Состанокот го отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски кој рече дека земјава многу ја цени поддршката од ЕУ. 

Теми на состанокот се Берлинскиот процес, претстојната реформа на Заедничката земјоделска политика на ЕУ, безбедноста на храната, ИПАРД и регионалната соработка.

Преку разговор, ќе се донесат и одлуки, најави Трипуновски, за реформите во земјоделството и руралниот развој. 

МИА

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:агро секторотадминистрацијавојчеховскиисхранаобезбедитеодржливостсинџири
Претходен напис Презентација на резултатите од истражувањето за нелегални шумски активности
Следен напис Протестираат транспортери кои возеа за поранешно „Фени“, бараат исплата на над два милиона евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?