Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хрватска бара 10 милиони евра од ЕУ за штетите од сушата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хрватска бара 10 милиони евра од ЕУ за штетите од сушата
Агровести

Хрватска бара 10 милиони евра од ЕУ за штетите од сушата

Објавено 23/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Хрватска денеска ќе побара помош од кризниот фонд на ЕУ за земјоделците, со цел надомест на дел од штетите предизвикани од сушата, кои се проценуваат на најмалку 270 милиони евра, изјави државниот секретар во Министерството за земјоделство, Тугомир Мајдак.

Мајдак, кој денеска учествува на состанокот на Советот за земјоделство и рибарство во Брисел, изјави дека сушата оваа година ги погодила земјоделците кои одгледуваат житни и маслодајни култури, пред сè пченка, сончоглед и соја, на површина од над 270 илјади хектари. Штетите на тие посеви се проценуваат на 50 до 70 отсто, а кај шеќерната репка, најинтензивната полјоделска култура, приносот се очекува да биде само 20 отсто, што значи загуба од 80 отсто. Освен сушата, земјоделците пролетва беа погодени и од други елементарни непогоди како град и мраз, при што страдаа и полјоделски и градинарски култури, овоштарници и лозја.

– Поради тоа, Хрватска денеска ќе побара активација на кризниот фонд, кој често се активираше во минатото, рече Мајдак.

Во рамките на Заедничката земјоделска политика на ЕУ постои кризен фонд во износ од најмалку 450 милиони евра годишно. Тие 450 милиони евра се наменети за сите 27 земји членки, а Хрватска очекува, заедно со националните средства, земјоделците да добијат околу 10 милиони евра. Хрватска минатата година исто така ја активираше кризната резерва за растителното производство и доби околу 10 милиони евра.

Министрите за земјоделство на нивниот редовен месечен состанок во понеделник ќе разговараат за двегодишната имплементација на стратешките планови во рамките на Заедничката земјоделска политика.

– Хрватска се залага за поедноставување на Заедничката земјоделска политика и за побрза и поефикасна исплата на средствата, како во однос на инвестициите, така и за директните плаќања по хектар или по грло добиток, додаде Мајдак. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:10 милиони евраеусушатаХрватскаштетите
Претходен напис Бензините поскапуваат за 1,5, а дизелот за 0,50 денари
Следен напис Бугарија ќе побара од ЕК да го забрани увозот на јајца од Украина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?