Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците можат електронски да видат до каде им се барањата за финансиска поддршка, од 1 јануари и електронско преземање на решенијата за исплата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците можат електронски да видат до каде им се барањата за финансиска поддршка, од 1 јануари и електронско преземање на решенијата за исплата
АгровестиЈавни огласи и повици

Земјоделците можат електронски да видат до каде им се барањата за финансиска поддршка, од 1 јануари и електронско преземање на решенијата за исплата

Објавено 23/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Платежната агенција воведе модул (прегледник) што овозможува електронско следење на податоците во врска со поднесените барања за финансиска поддршка. Модулот е наманет за земјоделците и земјоделските стопанства. Тие преку оваа алатка имаат увид и информации за секоја мерка: статус на мерката, авторизиран износ и дата на авторизација, исплатен износ и датум на исплата, статус на трансакциска сметка „невалиден“ за барателите кои доставиле податоци од невалидна трансакциска сметка, евидентирани ненамирени обврски по сите основи релевантни за спроведување на мерката.

Како што рече денеска директорот на Агенцијата, Илија Стоилев, ова е прв чекор во процесот на дигитализација. За пристап до прегледникот, физичките лица треба да внесат матичен број, а правните субјекти, даночен број. Ќе треба да се внесе и бројот на електронското барање на лицето/субјектот.

Изготвено е и упатство за корисниците кое ќе биде достапно на веб страницата на Платежната агенција, а ќе биде доставено и до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

– Ова беше една од слабостите на Агенцијата во изминатиот период. Едно од најчесто поставуваните прашања на земјоделците беше „зошто не сум земал субвенции?“. Сега, со регистрирање во прегледникот, ќе добијат одговор веднаш. Тие ќе можат сами да пристапат до своите предмети и да извршат увид, да видат дали и каде има евентуална грешка и сето тоа ќе може да го прават од дома, од компутер или од мобилен телефон, истакна Стоилев на прес-конференција.

Стоилев најави и дека од 1 јануари 2025 година Платежната агенција ќе воведе дополнителна услуга – преку овој модул секој корисник на финансиска поддршка да може да си изврши увид во решението за исплата, но и да го преземе, без да губи време и да се изложува на трошоци за да дојде до Скопје. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:електронскиземјоделцитеисплатапреземањерешенијафинансиска поддршка
Претходен напис Царината заплени облека, обувки, бижутерија, чанти, очила, рачни часовници, камагра, жилети, парфеми, техничка стока
Следен напис Бензините поскапуваат за 1,5, а дизелот за 0,50 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?