Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Доделени договори од ИПАРД 3 програмата за 2021-2027 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Доделени договори од ИПАРД 3 програмата за 2021-2027 година
АгровестиФондови

Доделени договори од ИПАРД 3 програмата за 2021-2027 година

Објавено 20/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во просториите на Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој се одржа настан по повод потпишување на договори од ИПАРД III програмата за мерките 1 и 7, информираат од АФПЗРР.

На  настанот на покана од Директорот на Агенција за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој Илија Стоилев, присуствуваше и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски кој ги врачи првите договори на апликантите.

Воедно преку ова соопштение искажуваме и благодарност  кон корисниците за пројавениот интерес за учество во програмата и посветеноста и начинот на работата на вработените во АФПЗРР во обработка на апликациите.

Денеска потпишавме и доделивме  30 договори од вкупно 76 од Мерка 1  за кои вкупно прифатливите трошоци по сите договори изнесуваат 214.737.900,00 денари односно 3.494.514 евра, а  кофинансираната сума изнесува 141.279.000,00 денари односно 2.299.000 евра. Од Мерка 7 се потпишаа 6 договори  за кои вкупно прифатливите трошоци по договор изнесуваат 90.379.675,00 денари, а додека кофинансираната сума изнесува 54.488.543,00 денари ,односно 886.713,00  евра.

Финансиската подршка се состои од 75% средства од ЕУ буџетот и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.

Вкупната финансиска подршка во рамките на Ипард III програмата за мерката 1 изнесува 18.893.333 евра, односно 1.171.764.533 денари, додека за мерката 7 изнесува 11.400.000 евра, односно 707.028.000 денари.

Владата, Министерството за Земјоделство шумарство и водостопанство веруваат во потенцијалот на македонското земјоделство како и на земјоделците и се залага за рамномерен развој на целата територија. Со успешната земјоделска политика станавме лидер во регионот по искористеноста на финансиските средства од претпристапната помош на ЕУ за земјоделството и руралниот развој , односно ИПАРД Програмата.

Со потпишување на договорите ви посакуваме успешна реализација на инвестициите и понатамошно успешно работење, како и плодна  понатамошна соработка со нашата Агенција.

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:договориипардпотпишани
Претходен напис Објавена есенската кошница, 73 производи со ограничена бруто профитна маржа до 10 проценти
Следен напис 10 милијарди евра од ЕК за земјите погодени од поплави
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?