Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кражби во ниви во Вардарски регион, се крадат грозје, садници, делови од системи за наводнување и од земјоделски машини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кражби во ниви во Вардарски регион, се крадат грозје, садници, делови од системи за наводнување и од земјоделски машини
Агровести

Кражби во ниви во Вардарски регион, се крадат грозје, садници, делови од системи за наводнување и од земјоделски машини

Објавено 20/09/2024
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Се крадат грозје, садници, делови од системи за наводнување и од земјоделски машини, алати и други предмети од ниви и земјоделски имоти на територијата што ја покрива Секторот за внатрешни работи – Велес. Оваа информација ја потврди за МИА, Биљана Ѓаковска, портпарол во СВР – Велес.

– Од почетокот на годината до 18 септември, во СВР – Велес пријавени се вкупно 35 кражби во ниви и земјоделски имоти. Притоа, во четири случаи било одземено грозје од лозови насади. Исто така, граѓаните пријавувале дека им биле одземени дрвја – садници, делови од системи за наводнување, делови од земјоделски машини, алати и други предмети, појасни Ѓаковска.

Инаку, кавадаречката полиција на 15 септември приведе три лица од Кавадарци, поради кражба од нива. 

– Полициски службеници од ОВР – Кавадарци ги лишиле од слобода Н.В., на возраст од 43 години, Р.В., 20-годишно лице и 41-годишната С.В., поради извршена кражба од нива во близина на Кавадарци, сопственост на Л.Р., 54-годишно лице од кавадаречкото село Ваташа, беше тогаш официјалната информација од СВР – Велес. 

Оттаму тогаш додадоа дека по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

МИА

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:Вардарски регионгрозједеловикражбисадницисистеми
Претходен напис Најстудено на Шапка, најмногу дожд во Скопје
Следен напис Просечната нето плата во јули 40 961 денар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?