Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХК Северна Македонија ќе го презентира новиот проект „Young Energy Europe“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХК Северна Македонија ќе го презентира новиот проект „Young Energy Europe“
Агровести

АХК Северна Македонија ќе го презентира новиот проект „Young Energy Europe“

Објавено 19/09/2024
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските комори во странство,  пред претставници на стопанството денеска во „Јуроп хаус“ во Скопје ќе го презентира новиот проект „Young Energy Europe“.

-Целта на проектот е да се обучат млади вработени како да ја зголемат енергетска ефикасност во компаниите каде што работат. По добиената обука ќе имаат временски период од неколку недели да дизајнираат и спроведат сопствен проект, кој треба да го имплементираат во својата компанија и истиот ќе биде презентиран пред комисија во Германија, соопшти АХК.

Овој проект првпат се спроведува во земјава, а досега е успешно имплементиран во Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и во Црна Гора.

Според организаторот, со негова промоција ќе бидат запознаени  поголем број компании кои со  имплементирањето ќе може да придонесат во намалувањето на загадувањето, заштеда на енергија при производство и доближување до зелената агенда.

Како што е најавено, настанот ќе го отвори  директорката на АХК Северна Македонија, Антје Ванделт, а обраќање ќе има и  заменик амбасадорот на Германија, Јан Фос и Хана Лохте, одговорна за проектот на глобално ниво од Германската комора за индустрија и трговија во Берлин. 

МИА

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:Young Energy EuropeАХКпрезентирасеверна македонија
Претходен напис Работилница за нов проект на ФАО и МЗШВ за земјоделското земјиште во Пелагонија
Следен напис Сообраќајот тековно, без подолги задржувања на граничните премини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?