Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Лозари бараат сушата да се прогласи за елементарна непогода
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Лозари бараат сушата да се прогласи за елементарна непогода
Агровести

Лозари бараат сушата да се прогласи за елементарна непогода

Објавено 16/09/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Лозари од Тиквешко кои имаат лозови насади што не се под систем за наводнување, бараат сушата што го зафати оваа година регионот да се прогласи за елементарна непогода и да добијат отштета за намалениот род во лозјата.

Во изјава за МИА, рекоа дека сушата им земала данок од родот, во висина од педесетина до стотина проценти, зависно од сортите на грозје и местоположбата на лозовите насади. Според нив, најголеми последици од климатските промени има во месностите Овчка Река и Белград, како и атарите на селата Бегниште, Ресава и Дреново. 

Кавадарчанецот Диме Соколов е само еден од оние кои претрпеле штети од сушниот период. 

– Има многу производители на грозје кои нема да влезат за берење грозје во лозовите плантажи, што се вели, бидејќи од гроздовите останаа само сувите дршки. Гроздовите зрна се целосно испиени од сушата. Имам 33 декари под лозје, од кои дури 27 на суво. Штетите во моите ниви се движат од околу 50 до близу 70 проценти, подвлече Соколов. 

Тој се пожали дека уште пред околу 25 години им било ветувано дека во месностите надалеку познати по убавото грозје, Овчка Река и Белград, ќе се донесе вода за наводнување, а многу од лозаропроизводителите верувале во тие ветувања и подигнале кредити за подигнување на лозови насади. 

– Многумина од нас ризикуваа, се задолжуваа со кредити, а вода не добивме, додаде тој, апелирајќи да се слушне нивниот глас и конечно да се размислува да се донесе вода за наводнување и таму, каде што засега нема можност за наводнување на земјоделски површини, вели тој. 

Дека лозари се пожалиле оти сушата предвреме им „обрала” дел од родот, за МИА потврди и Ѓорѓи Ајтов, советник во подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Неготино. 

– Има и такви кои барајќи спас од сушата, инвестираа во купување мали цистерни, па кога имаше потреба од наводнување, ги полнеа цистерните со вода од каналите за наводнување, па носеа вода до лозјата. Мачно е, ама тоа се обиди да се спаси родот. Инаку во најсушните периоди и енормни високи температури, штети има дури и кај лозовите насади под систем за наводнување, кај грозјето директно изложено на сонце, иако значително помалку, отколку кај лозјата на суво, додаде Ајтов. 

Јован Златевски, претседател на Сојузот на здруженија на лозари со седиште во Кавадарци и на потсекторската група за лозарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во изјава за МИА рече дека ќе свика состанок на потсекторската група со точка на дневен ред, прогласување елементарна непогода од суша и обесштетување поради намален род на грозјето. 

Златевски рече дека евидентно е намален приносот во лозјата поради сушата, но, додаде дека точното потфрлување во родот ќе се знае откако ќе се направат проценките од терен. 

– Ќе барам на состанокот да се расправа и за уште еден проблем со кој се соочија лозарите оваа гроздоберска сезона. Имено, иако одделни откупни пунктови на откупните белешки им пишуваа точна шеќерност на откупеното грозје, при исплатата на парите тоа не го земаа во предвид, па им даваа на лозаропроизводителите загарантирани минимални цени по килограм грозје. Ќе бараме од надлежните да се интервенира и тие откупувачи да плаќаат според шеќерни единици, како што е според закон, истакна Златевски. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:елементарна непогодалозарипрогласисушата
Претходен напис Од среда побилни врнежи, со можност наместа да бидат поројни
Следен напис Поевтинуваат горивата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?