Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кампања на РСБСП за безбедно возење трактор и земјоделски машини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кампања на РСБСП за безбедно возење трактор и земјоделски машини
Агровести

Кампања на РСБСП за безбедно возење трактор и земјоделски машини

Објавено 11/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата секоја година  реализира кампања за безбедно возење на трактор и земјоделски машини заради нивното зголемено учество во сообраќајот во овој период од годината.

Кампањата, како што соопшти РСБСП, се спроведува на територија на целата држава преку средби на претставници од РСБСП, МВР и Факултетот за безбедност Скопје со возачи на трактори и земјоделски машини, превентивно-едукативни разговори со нив и други активности, со цел подигање на свеста за управување на технички исправни, регистрирани и видливи трактори и земјоделски машини заради нивно одговорно и безбедно учество во сообраќајот.

Од РСБСП потсетуваат дека возачите на трактори, мотокултиватори и други земјоделски машини се рамноправни учесници во сообраќајот и дека треба да се почитуваат и да им се посвети соодветно внимание, особено во овој период од годината кога поинтензивно се одвиваат земјоделски активности.

Истовремено, посочуваат и на неопходноста возачите на трактори и земјоделски машини да управуваат со технички исправни и регистрирани трактори и други работни машини, да избегнуваат учество во сообраќајот ноќе и за време на неповолни временски услови (дожд, магла), а посебно внимание да посветат на нивната видливост во сообраќајот.

РСБСП упатува апел до возачите на трактори и земјоделски машини да возат регистрирани, технички исправни и означени возила и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:безбедно возењеземјоделски машиникампањаРСБСПТРАКТОР
Претходен напис Паднато дрво кај месноста Баткова Чешма го отежнува движењето на возилата на патот Делчево – Македонска Каменица
Следен напис Билјана Стефаноска ја презеде функцијата директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?