Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Зголемување на водостоите на реките, не постои опасност од излевање
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Зголемување на водостоите на реките, не постои опасност од излевање
Агровести

ЦУК: Зголемување на водостоите на реките, не постои опасност од излевање

Објавено 11/09/2024
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врнежите од дожд изминатите 48 часа предизвикаа извесно зголемување на водостоите на реките низ земјава, посебно во западните делови каде врнежите беа најобилни. Поради претходниот сушен период и досегашните ниски водостои не постоеше опасност од излевање на водотеците и овие врнежи дожд беа добредојдени, во поглед на подобрување на општата хидролошка состојба во земјава, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека денеска зголемен водостој, во споредба со просекот за септември, има на реката Вардар, на мерните места Јегуновце, кај вливот на Лепенец во Скопје, Велес и кај Демир Капија. Зголемени водостои има и кај реките Пчиња, Бабуна и Струмица, кај Сушево.

Според прогнозите, врнежливото време се очекува да продолжи и во текот на денешниот ден, повторно без опасност од појава на високи водостои и без можност за поплави.

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од петок се очекуваат нови врнежи од дожд и локална појава на грмежи. В сабота ќе дува засилен северен ветер, кој во наредните денови ќе услови опаѓање на температурата на воздухот и ќе биде под просекот за овој период од годината. 

МИА

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:водостоитеЗголемувањеизлевањеопаснострекитецук
Претходен напис Најмногу дожд во Куманово
Следен напис На повикот за проекти во вкупна вредност од 250 милиони евра во текот на вчерашниот ден аплицирале 10 до 12 општини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?