Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ССКМ: Фер пазарна конкуренција ќе донесе придобивки за сите 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ССКМ: Фер пазарна конкуренција ќе донесе придобивки за сите 
Агровести

ССКМ: Фер пазарна конкуренција ќе донесе придобивки за сите 

Објавено 10/09/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со примена на Законот за нефер трговски практики ќе се регулираат односите меѓу претпријатијата во синџирот на снабдување со земјоделство и храна, кој треба да обезбеди примена на трговски практики во целокупниот синџир на снабдување со земјоделски и прехранбени производи.

Во законот се уредени правилата и мерките за спречување на наметнување нефер трговски практики, кои отстапуваат од доброто трговско однесување, се утврдуваат нефер трговските практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи со чие наметнување се искористува значителната преговарачка моќ на купувачот во однос на неговите добавувачи, постапките за утврдување нефер трговски практики, како и соработката помеѓу надлежните органи за спроведување на надзорот над примената на нефер трговските практики.

Според Законот, силата на супериорна преговарачка моќ е регулирана во прагови на остварен вкупен годишен приход од продажбата на производи и услуги искажан во годишната сметка и во годишниот финански извештај, односно билансот на успех на купувачот и добавувачот.

“Ставот на ССК е јасен за законот за нефер трговски практики, ние нашите предлози ги поднесовме до сите релевантни институции навремено, предлог за сите основи прехрамбени производи кои се со 5 % и 10 % данок, со неговата примена македонската економија треба да биде пазарно ориентирана и во согласност со европските движења и на македонската економија е потребен реформски процес на либерализација, со носењето на законот ќе има порамноправен третман и ќе намали јазот на мали и големи компании. Ако се укинат предложените мерки, законот ќе нема во целост да може да се применува, каде е потребно државата по европски терк да ги регулира цените, ќе се зголеми конкурентноста и легитимно право како потрошувачи да го избереме најдобриот производ. Законот на долг рок ќе има бенефит и на големите маркети, заради присутност на он -лине продавници кои се ценовно конкурентни и заради он -лине купување кој е веќе тренд и многу застапен кај купувачите.

Дополнителен  проблем се царинските стапки, македонските царински стапки во однос на европските се до 3-5 пати поголеми, самите производители во целокупното деловно работење им е предизвик како да успешно функционираат, каде одредени производи имаат 30-40 % поголеми царински стапки во спредба со европските.

Потребено е на македонската економија економски натпревар за пристојни цени, досегашниот ситем го гуши  тој натпревар,долгорочна стратегија и со примената на овој закон производите ќе го добијат своето место ,и најмалиот производител да биде застапен на пазарот”, истакна Ангелоски.

При склучување на договор за снабдување со земјоделски и прехранбени производи, добавувачот и купувачот се должни на јасен и недвосмислен  начин да прикажат објективна и разумна проценка за трошоците и плаќањето по единица, или вкупно плаќање, според утврден ценовник на купувачот. Во ценовникот на купувачот треба да се наведени цените односно износите врз основа на кои ќе се пресметуваат надоместоците за наведените точки.

Висината на сите надоместоци вкупно не смее да биде повисока од 10% од остварениот промет во тековната година, кои јасно ќе се искаже во договорите според новиот закон за нефер трговски практики, посочија од ССКМ. 

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:конкуренцијапридобивкиССКМФер пазарна
Претходен напис На Попова Шапка најниска температура и најмногу дожд
Следен напис Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31 декември 2024
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?