Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Грција потврдени вкупно 140 случаи и 17 починати од вирусот Западен Нил
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Грција потврдени вкупно 140 случаи и 17 починати од вирусот Западен Нил
Агровести

Во Грција потврдени вкупно 140 случаи и 17 починати од вирусот Западен Нил

Објавено 05/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во текот на летото, односно од почетокот на сезоната заклучно со вчера во Грција биле потврдени вкупно 140 случаи на вирусот Западен Нил, додека починаа 17 лица, на возраст меѓу 61 и 92 години, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. 

Согласно неделниот извештај, во изминатата седмица биле регистрирани 16 нови случаи додека пак починале две лица.

Дополнително, во изминатиот период постојат и четири увезени случаи, три од Албанија и еден од Австрија, односно инфекција кај пациенти изложени во друга земја, кои не се опфатени во анализите на ЕОДИ.

Вирусот Западен Нил, што го пренесуваат комарците, присутен е речиси во цела Грција, со потврдени случаи во северниот, североисточниот, западниот и централниот дел на земјата, во Епир и Јонските острови, на Пелопонез, како и во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Вирусот во земјата беше присутен во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес.

Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51. 

Лани, во Грција биле регистрирани 162 случаи, а од Западен Нил починале 23 лица. 

Првиот случај за годинава на заразен со вирусот Западен Нил во Грција беше регистриран на почетокот на јули.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:грцијаЗападно нилска треска
Претходен напис Фон дер Лајен: Земјоделството е еден од најважните сектори за Европа и затоа мора да ги заштитиме земјоделците
Следен напис Започна проектот за 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, објавен е јавен повик за аплицирање
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?