Голем проблем за земјоделците е и закочениот откуп на пиперката „капија“, по што големи колични од родот скапуваат, оти откупувачите не го земаат. Земјоделците се сомневаат дека ова е намерна ситуација за да се урне цената и на пиперката, па родот наместо за 40 односно 30 денари да им се откупи по 25 денари за килограм пиперка „ајварка“, информира Независен.мк.
Трипуновски вели ситуацијата е ваква оти производителите нагрнале да го предадат родот, а е оптимист дека проблемот ќе се надмине до утре.
„Во тек е откупот на пиперката ‘ајварка’ и во Струмичко и овде во Прилепско-битолскиот регион. Имавме договорени цени. До пред два дена тие се почитуваа. Цените се почитуваат се уште, но има одреден застој бидејќи фабриките имаат наплив на количина на берба бидејќи практично се судрија бербите и во Струмичкиот и во Прилепско-битолскиот регион. Очекувам дека тоа ќе се надмине денес или најдоцна до утре, инспекторите и таму се на терен, го следиме процесот. Имам дадено ветување дека земјоделците треба да бидат заштитени од страна на некакви манипулации“, изјави Трипуновски во Пелагонија одговарајќи на новинарско прашање.
