Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Дебар укината рестрикцијата во водоснабдувањето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Дебар укината рестрикцијата во водоснабдувањето
Агровести

Во Дебар укината рестрикцијата во водоснабдувањето

Објавено 03/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од денеска укината е рестрикцијата во водоснабдувањето во Дебар, воведена на 18 јули.

-Од денеска нормално е снабдувањето со вода за пиење, по 47 дена од воведувањето на  рестрикцијата. На тоа бевме принудени, откако нашите апели таа рационално да се користи беа попусти. Корисниците продолжија со злоупотреба на водата за пиење, за наводнување зелени површини, градини, миење на дворови па дури и тротоари и улици пред секоја куќа, изјави за МИА Бурим Каба, директор на Јавното комунално претпријатие „Стандард“.

Управата на „Стандард“, кое стопанисува со водоводот Росоки-Дебар, воведе рестрикција во населбите „Венец еден“ „Венец два“ „Тараник“ „Ќернаница“ и главната улица во градот „8 септември“ и тоа во период од 13:00 до 16:00 часот.

-На овој начин, обезбедувавме вода за другите делови на градот, каде што поради нискиот притисок, поради злоупотребата, вода немаше речиси во текот на целиот ден, додаде Каба.

Според него, моментно во главниот резервоар во градот пристигнуваат над 130 литри вода во секунда.

Дебар со вода за пиење се снабдува од изворите во малореканското село Росоки, преку водоводот Росоки-Дебар, но и селата Долно Косоврасти и Рајчица, низ кои минува водоводот, а од кракот што се издвојува кај Мелнички Мост и дел од општина Центар Жупа.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:водоснабдувањетоДебаррестрикцијатаукината
Претходен напис Подводна еко акција за чистење на Охридското Езеро кај Струга
Следен напис Осум пожари на отворено до 13:30 часот, активни се четири
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?